Конференција – Симпозиум – Форум
5-9 јуни 2023 година | Кипар
Во рамките на Европската година на вештините 2023, засегнатите страни се охрабруваат да организираат активности кои ги подобруваат или обезбедуваат вистинските вештини на луѓето за квалитетни работни местa,а истовремено им помагаат на малите и средните претпријатија да го решат недостатокот на вештини во ЕУ.
Секоја година, Youth@Work Partnership организира различни активности за споделување знаења, градење капацитети и вмрежување, кои ја подобруваат улогата на младинската работа во младинскиот екосистем за вработување и претприемништво.
Цели и задачи:
Главната цел на форумот е да обезбеди платформа преку која учесниците ќе учат и ќе истражуваат иновативни иницијативи и практики од југот кои ги подобруваат и развиваат вештините и компетенциите на младите луѓе.
Овој форум ќе биде единствена можност за споделување знаења и искуства, кои ќе придонесат поголеми можности за вработување, претприемништво и општествена инклузија.
Цели:
да се подигне свеста за националните и европските проекти и практики насочени кон градење на капацитетите на младите кон способност за вработување, претприемништво и општествена инклузија;
да се истражи локалната реалност на практиките за младинска работа во Кипар;
да се претстават веќе постоечки или испланирани иницијативи и програми во врска со тоа како се промовираат младинската вработеност и претприемништвото, како алатки за општествена инклузија, на локално ниво, од страна на локалните власти, односно општините, (социјалните) претприја…;
да се обезбеди платформа за вмрежување и размена на добри практики;
да се истражи како програмите Еразмус+ и ESC можат да поддржат идни проекти за соработка на темите опфатени на форумот.
Очекувани резултати:
создавање публикација со релевантни практики кои ќе ја претстават младинската работа на југот во полето на младинска вработеност, претприемништво и развој на вештини;
создавање инспирација, синергии и поттикнување на вмрежување помеѓу учесниците со цел да се создадат иновативни проекти во рамките на европските младински програми;
создавање мрежа на поединци и засегнати страни од различно потекло кои имаат заеднички интерес во темите опфатени на форумот;
Youth@Work Партнерство за младинска вработливост и претприемништво на националните агенции Еразмус+.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 05.06.2023 - 09.06.2023
(05.06.2023 е ден на пристигнување, 09.06.2023 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 08.05.2023 година.
Линк за аплицирање: https://www.salto-youth.net/tools/european-training-calendar/training/delving-into-southern-innovative-practices-youth-work-forum.11152/
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат сите учесници со статусот на селекција
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесниka на конференцијата и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.