fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на обука „FundYOUth“

01.6.2023 15:18:14

Обука

 

22-23 јуни 2023 година | Белград, Србија

 

„FundYOUth“ обуката, е насочена кон градење на капацитетите на младинските организации за понатамошно прилагодување и разновидност на нивните финансиски извори, со што ќе се зајакне нивната издржливост.

 

Со пандемијата и периодот по неа, ранливоста на младинската работа и младинските организации излезе на виделина, но истовремено, произлегоа многу можности за учење и развој. Честопати зборуваме за одржливост и издржливост, меѓутоа прашањето е како да стигнеме до нив? Како да ги претвориме овие концепти во нашите организации во реалност?

 

Дали е оваа обука за Вас?

 

Оваа обука е одлична можност за Вас, доколку раководите со младинска невладина организација, ако сте координатор на проект или сте одговорни за некоја од следниве теми: финансиска поддршка, градење партнерства, имплементација на проекти и стратешко планирање.

 

Цели:

 

Ќе работиме заедно за да ги постигнеме следниве цели:

 

-       Поттикнување на свеста за различните можности за финансирање;

-       Зајакнување на разбирањето на сопствените организациски капацитети - можности и предизвици кои треба да се решат;

-       Градење на стратешки и тактички чекори, со цел да се обезбеди организациска издржливост и развој - разновидност во  финансирањето, градење партнерства и зголемување на опсег и влијание.

 

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 22.06.2023 - 23.06.2023

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.

Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 05.06.2023 година.

 

Пополнетата апликација се поднесува на: Jovica.mitevski@na.org.mk

Апликацијата може да ја симнете на следниов ЛИНК

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат сите учесници со статусот на селекција

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 5 учесниka на конференцијата и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 







Поврзете се

    czxczcx