fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на семинар (АОС): Новата визија за европска соработка (во високото образование) за 8 учесници

21.6.2023 09:19:06

10 – 12 септември 2023 година – Регензбург, Германија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност заедно со Националните агенции од Германија, Србија, Романија и Бугарија организира семинар - Активност за обука и соработка во полето на образование и обукана тема:Новата визија за европска соработка (во високото образование).

Оваа обука ќе се реализира во Регензбург, Германија во периодот  10-12 септември 2023 година.

Согласно партнерскиот однос со другите национални агенциии, НАЕОПМ објавува јавен повик за учество на 8 учесници во полето на високото образование.

Предизвиците со кои се соочува Европа во изминативе години, како и динамичните процеси за интернационализацијата во неколку земји покажуваат дека перцепцијата за меѓусебната размена и мобилност, како и заедничката проектна соработка во Европа претрпуваат суштински промени. Долгогодишните партнери за соработка и традиционалните текови на мобилност треба да се надополнат со нови партнери и нова визија за европска соработка.


Несомнено голем потенцијал за сето ова лежи во соработката со партнерите од Југоисточна Европа. Во однос на истражувањето на новите концепти за соработка за мобилност, ќе се земат предвид не само влезните и излезните текови, туку и интрарегионалните текови, како и комбинираните формати на мобилност.


Со откривање на нови начини и видови на соработка со земјите од Југоисточна Европа, ќе се решат јазичните, социо-економските и политичките потешкотии, кои го попречуваат напредокот на поттикнување на меѓурегионалната соработка и создаваат препреки за студентите од Југоисточна Европа да заминат во странство досега. Земајќи ги во предвид веќе постоечките партнерства меѓу земјите од Југоисточна Европа во областа на високото образование (мобилност и проектна соработка) ќе бидат искористени синергиите и претходно постоечкото знаење во оваа област.


Очекувани резултати:

Овој контакт семинар има за цел да им даде шанса на заинтересираните чинители од европските високообразовни институции да истражат нови начини, нови теми и нови форми на соработка со земјите од Југоисточна Европа.

Фокусот ќе биде ставен на создавање засилено разбирање за потенцијалните предизвици, кои го попречуваат поттикнувањето на меѓународните и интрарегионалните партнерства.

Вмрежувањето ќе биде дел од агендата за да им помогне на учесниците да ги истражат можностите за креирање на нови партнери од Југоисточна Европа и да забележат одредени потенцијални полиња на соработка за воспоставување нови форми на партнерства и проекти.


Целна фокус група:

Заинтересирани кадри од европските високообразовни институции кои би сакале да ја прошират својата соработка со и помеѓу земјите од Југоисточна Европа и тоа:

-          Стручен кадар од меѓународни канцеларии/ службеници за интернационализација,

-          Еразмус+ координатори за мобилност КА1

-          Проектни координатори (од факултети) на Еразмус+ КА2 или КА3 како и потенцијални апликанти, потенцијални нови корисници.


Забелешка за профилот на учесниците:

мин. 1, потенцијални нови корисници, потенцијални апликанти за проектна координација на Еразмус+ КА2 или КА3,

мин. 1 искусен и ангажиран персонал во високообразовна институција: персонал од меѓународни канцеларии/ службеници за интернационализација; Еразмус+ координатори за мобилност КА1; проектни координатори (од факултети) на Еразмус+ КА2 или КА3

макс. 1 студент со искуство во размена во една од следните земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија (од студентите се очекува да преземат активна улога (презентирање и вклучување во дискусии) и затоа е потребно одлично да зборуваат англиски.


Агенда: Настанот ќе започне во недела на 10-ти околу 18 часот со пречек на учесниците и вечерна програма. Ќе заврши во вторник на 12-ти околу 14 часот со ручек.


КРАЈНИОТ РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ е 26 јуни 2023 година. Апликацијата се поднесува следниот линк: https://forms.gle/qjJkn67chMptcgceA


Сите апликации поднесени по предвидениот датум нема да бидат земени во предвид.

Координаторот (домакинот) на настанот ќе ги известува со сите дополнителни информации само избраните учесници.


ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниов:

  • Организациски трошоци (сместување, храна), предавачи, тренери се покриени  од  домаќинот/координаторот;
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиотслучај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, аеродром-хотел-аеродром)

Со секој избран учесник ќе биде потпишан договор за учество и финансирање на патните трошоци поединечно помеѓу НАЕОПМ и избраното физичко лице.


Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 8 учесници на семинарот “Новата визија за европска соработка (во високото образование) и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk







Поврзете се

    czxczcx