fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ истражувач/ка за задоволство на корисниците на македонската верзија на платформата

07.8.2023 15:09:08

Врз основа на Решение за 25-825/2, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за ЕПАЛЕ истражувач/ка
за задоволство на корисниците на македонската верзија на платформата

По неколку годишно спроведување на ЕПАЛЕ, a oд 2019 година и на македонски јазик, ЕПАЛЕ сака да го измери искуството кое корисниците го стекнуваат при користењето на платформата, нејзините функионалности и можности за соработка. За таа цел, објавуваме јавен повик за лице/истражувач кое ќе ни помогне во дизајнирањето на поквалитетни можности за корисниците на Платформата.

Истражувањето е замислено да биде спроведено во 2 последователни години врз основа на ист прашалник и со иста целна група, со цел да се следат евентуалните подобрувања во работатата на платформата. За таа цел, ангажманот на  истражувач/ката ќе биде спроведен во 2 фази и ќе се состои од:

Прва фаза (октомври-ноември 2023 година)

Подготовка на концепт за прашалник кој ќе биде доставен до корисниците на ЕПАЛЕ од Република Северна Македонија,
Сумирање на резултатите од пристигнатите прашалници,
Подготовка на анализа за главните трендови со препораки за подобрување
Подготовка на кратка презентација за главните поенти и трендови од истражувањето.

Втора фаза (октомври-ноември 2024 година)

Сумирање на резултатите од пристигнатите прашалници од година 2024,
Подготовка на анализа за главните трендови со препораки за подобрување,
Подготовка на кратка презентација за главните поенти и трендови од истражувањето,
Доколку биде побарано од Националниот ЕПАЛЕ сервис за поддршка истражувачот ги презентира наодите на најмалку 1 настан.

На повикот можат да се пријават лица кои се занимаваат со образование на возрасни и/или истражување од Република Северна Македонија. Покрај тоа, кандидатот/ката треба да:
Има познавања од главните текови во политиките на образование за возрасни во земјата,
Запознаен/а е со ЕПАЛЕ и можностите кои таа ги нуди,
Има искуство во најмалку 2 слични истражувања и анализи, 
Зборува течно англиски и може да користи терминологија поврзана со образованието на возрасни.

Истражувачот/ката ќе биде ангажиран/а најмногу до 15 работни денови во зависност од обемот на работа. За ангажманот ќе биде склучен договор и исплатен надомест за спроведеното во согласност со правилата на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка. Истражувачот/ката ќе работи во тесна врска со ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка. 

Потребна документација:
Кратка биографија, пожелно во Европас формат. Ве молиме концентрирајте се на искуството кое е поврзано со темата на огласот, 
Кратко мотивациско писмо кое го сумира вашето искуство во истражувачки активности, образование за возрасни и познавање на англиски јазик,
Други дополнителни документи во поддршка на квалитетот на пријавата.  

Начин на аплицирање:
Потребната документација треба да се достави на следната е-пошта Ljupka.kjurkchieva@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за истражувач, со краен рок на аплицирање до  15.09.2023 година, до 16.00 часот.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации. 


Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на истражувач/ка на задоволство на корисниците на македонската верзија на платформата  и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk. 







Поврзете се

    czxczcx