Врз основа на Решение бр.20-903/2 од 11.09.2023 донесенo од Директорот на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 4 (четири) еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов: „Нашите училишта: места на среќа и успех - поттикнување благосостојба и креативност преку еТвининг“ (Our schools: places of happiness and success - fostering well-being and creativity through eTwinning)
во период од 25 до 27 октомври 2023 во Белград, Србија
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 4 (четири) еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов: „Нашите училишта: места на среќа и успех - поттикнување благосостојба и креативност преку еТвининг“ (Our schools: places of happiness and success - fostering well-being and creativity through eTwinning) од 25-27 октомври 2023 во Белград, Србија.
Трошоци за учество
Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот, а самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување.
Критериуми за аплицирање
- Лицето да е регистрирано во еТвининг порталот
- Лицето да е вработен во основно, средно училиште или градинка
- Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки
*Во изборот на учесниците влиајние ќе има: учество на претходни еТвининг семинари, застапеност по региони во Република Северна Македонија и постигната работа во еТвининг.
Р
Начин на аплицирање
Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 15.09.2003 година, на е-маил адресата aneta.zdravkovska@na.org.mk
- еТвининг портфолио или кратка биографија
- Податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште и адреса на живеење.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 (четири) еТвинери, за учество на еТвининг семинар под наслов: „Нашите училишта: места на среќа и успех - поттикнување благосостојба и креативност преку еТвининг“ (Our schools: places of happiness and success - fostering well-being and creativity through eTwinning) кој ќе се оддржи од 25-27 октомври 2023 во Белград, Србија и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и ne-pravilnosti@na.org.mk.