fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за ангажирање на 2 (двајца) обучувачи за обновување на партнерство за младите (Youth@Work) - база на обучувачи на националните агенции од Eразмус+ програмата и ресурсните „Салто-јут“ (SALTO-Youth) центри

16.11.2023 13:10:58

Врз основа на Решение бр.1181/2 од 15.11.2023 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:


ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 2 (ДВАЈЦА) ОБУЧУВАЧИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВО ЗА МЛАДИТЕ (YOUTH@WORK) - БАЗА НА ОБУЧУВАЧИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ АГЕНЦИИ ОД  ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА И  РЕСУРСНИТЕ САЛТО-ЈУТ (SALTO-YOUTH) центри


Национална агенција согласно Партнерство за младите,  (Youth@Work) Партнерството –за младинска вработливост и претприемништво на националните агенции од Еразмус+ и ресурсните центри SALTO-YOUTH ја обновува својата база на обучувачи (PoT), и објавува Јавен повик за ангажирање на 2 (двајца) обучувачи за обновување на Партнерство за младите (YOUTH@WORK) - база  на  обучувачи (тренери) на Националните агенции од  Еразмус+ програмата и ресурсните САЛТО-ЈУТ (SALTO-YOUTH) центри.

Партнерство за младите (Youth@Work) има база на тренери (PoT) вклучувајќи 23 (дваесет и тројца) експерти кои доаѓаат од земјите и партнерските региони опфатени со партнерството. Тие се искусни обучувачи и фасилитатори, со познавање на приоритетните области опфатени со Партнерство за младите (Youth@Work). Обучувачите учествуваат во процесот на донесување одлуки на партнерството и го поддржуваат спроведувањето на сите активности.


ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ПАРТНЕРСТВО ЗА МЛАДИТЕ (YOUTH@WORK) БАЗА НА ОБУЧУВАЧИ



Формирање на група на експерти, чија експертиза ќе се користи во планирањето и спроведувањето на проектите Партнерство за младите (Youth@Work).
Обезбедување на услуги (обука, олеснување, модерирање и консултации) на Партнерство за младите (Youth@Work) партнерството и неговите институции членки.
Обезбедување на квалитетот на активностите Партнерство за младите (Youth@Work) и да се придонесе за развој, имплементација и евалуација на активностите Партнерство за младите (Youth@Work) во соработка со членките на Националните агенции и САЛТО-ЈУТ (SALTO-YOUTH) центрите.
Се потикнува простор за едукација, креативност и размена на добри практики и искуства меѓу обучувачите.
Воспоставување на функционална рамка која ќе дејствува како признаено тело кое ќе ги советува прашањата за вработливост и претприемништво на младите во согласност со експертизата на обучувачите.
Промовирање на родова рамнотежа, социјална кохезија, претприемништво и активно граѓанство во активностите  Партнерство за младите – (Youth@Work).
Да се зајакне кохерентноста помеѓу активностите Партнерство за младите (Youth@Work) и помеѓу  Партнерство за младите (Youth@Work) и други слични стратегии, програми или проекти.

Критериуми за аплицирање

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

Државјанин на Република Северна Македонија. 
Да бидат обучувачи во младинското поле и имат искуство со работа со Националните агенции за Еразмус+/Млади и Европскиот корпус за солидарност и ресурсните центри САЛТО-ЈУТ (SALTO-YOUTH).
Имаат задоволително познавање на Еразмус+ и Европскиот корпус за солидарност. Искуство со други ЕУ или меѓународни програми е плус.
Да бидат обучувачи/фасилитатори/едукатори со докажано искуство од неформални или формални образовни активности, младинска работа и пожелно поврзаност или разбирање на младинската вработливост и претприемништво или други области кои се поврзани со приоритетите на  Партнерството за младите (Youth@Work). 
Имаат релевантна врска со полето на младинската работа во нивните земји (т.е. општинска младинска работа или невладини организации) и реално разбирање за тоа какво влијание имаат меѓународните активности врз организациите на долг рок.
Можат да придонесат конструктивно и да помогнат во подготовката, водење и евалуација на активност (тренинг курс, семинар, студиска посета, конференција – или онлајн), врз основа на пристап на неформално образование.
Имаат напредно ниво на англиски јазик (разбирање, зборување, пишување).
Да бидат заинтересирани да станат дел од Партнерство за младите (Youth@Work) базата на обучувачи/фасилитатори и да бидат достапни за активностите на  Партнерство за младите (Youth@Work) партнерството за кои ќе биде потребен придонес од еден/неколку членови на базата на обучувачи.
Да бидат достапни за интеракциите внатре во базата на обучувачи (PoT) (еден резиденцијален состанок со сите членови на базата на обучувачи (PoT)) и најмалку 4 онлајн состаноци годишно.

Сите обучувачи, сегашни или нови членови, се поканети да аплицираат веднаш доколку се заинтересирани да се приклучат или останат во Партнерство за младите (Youth@Work) базата на тренери.

Потребни документи за аплицирање

Кандидати кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:
Максимум 1 мотивационо писмо А4 страница (зошто сакате да се придружите или да останете во PoT базата на обучувачи)
CV од максимум 4 А4 страници со земја на живеење.
Кандидатите треба накратко да ги опишат своите очекувања како идни членови на базата на обучувачи (PoT).

Начин на аплицирање



Пријавата- апликацијата со потребната документација треба да се достави до Ралука Дироеску (Raluca Diroescu), координатор на партнерство за младите (Youth@Work) на следната е-пошта raluca@youthatworkpartnership.org, со назначување во насловот на е-пошта: Youth@Work PoT Application_Your Country_Your Name_Your Surname.  Краен рок на аплицирање е до  20.11.2023  година, до 23.59 часот (Централно Европско Време).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување. 

Изборот на кандидатите ќе го врши координаторoт на партнерството врз основа на критеруимите од апликацијата. Избраните кандидати ќе бидат известени од Ралука Дироеску, координатор на партнерството за младинска работа (Youth@Work) најдоцна до 10.12.2023 година.



Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) обучувачи за обновување на Партнерство за младите (YOUTH@WORK) – база на обучувачи на Националните агенции од Еразмус+ програмата  и ресурсните САЛТО-ЈУТ (SALTO-YOUTH) центри при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk. 

  






Поврзете се

    czxczcx