fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Добитници на најдобри еТвининг проекти - учебна 2022-2023

11.12.2023 14:56:48

Почитувани,

Со задоволство ве известуваме дека Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објавува добитниците за најдобар еТвининг проект за училишната 2022-2023 година.

Оваа година, се доделуваат награди во 5 (пет) различни категории:

- најдобар проект за средно и основно училиште
- најдобар проект од предучилишна возраст
- најдобар проект на годишна тема (иновација и едукација)
- најдобар проект на тема „Екологија“

Наградите, иако со симболичен карактер во форма на плакети или статуетки, им се доделуваат на најуспешните еТвининг проекти. Важно е да се нагласи дека освен што овие проекти ќе бидат наградени, истовремено ќе бидат активно промовирани на европско и национално ниво. Тие ќе служат како извор на инспирација и пример за добри практики во образованието.

Во прлиог се овогодинешните добитници на еТвининг награди, секоја во различна категорија:

1.Најдобар проект на еТвининг годишна тема (иновација и едукација): Лила Каранфиловска ООУ „Св. Наум Охридски“ - с. Пештани - Охрид - LEARN AS YOU FUN, DO NOT FEAR MATHEMATICS
2.Најдобар проект од средно училиште: Љупчо Балески, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид (Natural Disasters)
3.Најдобар проект од основно училиште: Елена Максимовска, ООУ „Наум Охридски“ - с.Булачани (The power is in ourselves)
4. Најдобар проект од предучилишна возраст: Клементина Петрушевска, ЈДГ „ Весели Цветови“ - Скопје (Mathematics of the universe)
5. Најдобар проект на тема „Екологија“: Тања Петков, ООУ „Св.Климент Охридски“ - Скопје (Magic, Color And Sound Of The Seed )“

Сите учесници и добитници на овогодинешните награди ќе бидат дополнително известени за настанот и времето на доделување на наградите.

Со почит,
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност







Поврзете се

    czxczcx