fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „Поврзување на патиштата: Еразмус+ мобилности во дуално стручно образование и обука”

17.6.2024 10:13:47

Јавен повик за учество на  активност за обука и соработка

 „Поврзување на патиштата: Еразмус+ мобилности во дуално стручно образование и обука”

12.11.2024 – 15.11.2024

Севиља, Шпанија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Шпанија, објавува јавен повик за учество на 2 учесници на активноста за обука и соработка „Поврзување на патиштата: Еразмус+ мобилности во дуално стручно образование и обука” која ќе се реализира во Севиља, Шпанија.

Тема на настанот: Темата на настанот е мобилноста на учениците во областа на стручно образование и обука, особено поврзана со учење засновано на практична работа. Акцентот ќе биде на меѓународните мобилности и EQAVET системите за квалитет.

Цели на настанот:

-          да се прошири знаењето за стажирање во различни земји;

-          да се утврди кои видови на мобилности (влучително и меѓународни можности) се компатибилни на стручното образование и обука, со цел да се подобри квалитетот на студентските мобилности;

-          да се ​​интегрираат принципите и алатките на EQAVET за подобрување на квалитетот на стручното образование и обука;

-          да се создадат и развијат партнерства помеѓу европските и меѓународните организации за стручно образование и обука;

-          да се споделат примери за добри практики

Очекувани резултати:

  1. Учесниците ќе се стекнат со разбирање за концептот и спроведувањето на стручното образование и обука (СОО) низ различни земји, вклучувајќи ја неговата структура, придобивки и предизвици.
  2. Учесниците ќе развијат стратегии за дизајнирање и имплементација на шеми за мобилност прилагодени на потребите и целите на студентите од СОО, со цел да ги подобрат нивните резултати од учењето, вработливоста и меѓукултурните компетенции.
  3. Учесниците ќе ги разберат основните принципи на EQAVET и неговата примена во рамки на СОО.
  4. Учесниците ќе се вклучат во активности за вмрежување и заеднички дискусии насочени кон зајакнување на партнерствата помеѓу организациите за стручно образование и обука, ќе се поттикне размена на знаење, взаемна поддршка и заеднички иницијативи.
  5. Учесниците ќе споделат и ќе покажат успешни примери за практики и иницијативи за дуално стручно образование и обука од различни европски земји, нагласувајќи ги иновативните пристапи, ефективните партнерства и влијателните резултати.

Целна група на учесници:

-          Овој настан е наменет за Еразмус+ координатори и персонал вклучен  во проекти за моблности во делот на стручното образование и обука.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 12.11.2024 - 15.11.2024

 (12.11.2024 е ден на пристигнување, 15.11.2024 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 22.06.2024 година.

Аплицирање:

https://salto-et.net/AMP/event_single/show_public_overview/ES01_0643_THO_2023

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx