fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за за ангажирање на графички дизајнер во ЕПАЛЕ

09.8.2024 14:25:02

Врз основа на Решение бр. 25-721/2 од 09.08.2024, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на ЕПАЛЕ Национален сервис за поддршка (НСП) на Република Северна Македонија објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК за

за ангажирање на графички дизајнер воЕПАЛЕ

 

 

Во рамките на ЕПАЛЕ, потребно е ангажирање на графички дизајнер, кој/а ќе ги изврши потребните услуги за следниве активности:

1. Графички дизајн на брошурата- Регионалните лица на ЕПАЛЕ

Одбраниот кандидат ќе има обврска да предложи  предлог-дизајн за Брошура врз основа на претходно изготвен текст и

2. Графички дизајн на 2 инфо-графици

Одбраниот кандидат ќе има обврска да предложи  предлог-дизајн за 2 инфо-графици врз основа на претходно изготвен текст.

Пред започнување на процесот на дизајнирање, избраниот дизајнер има обврска да одржи средба со преставници на ЕПАЛЕ Националниот тим за поддршка на која би се прецизирале изборот на симболи и бои. Дизајнерот изработува првична верзија на зададениот документ, кој е предмет на одобрување од страна на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка. При дизајнирањето, дизајнерот задолжително го користи Водичот за Визуелен идентитет во ЕПАЛЕ изготвен од страна на Европската комисија.

 

На повикот можат да се пријават лица кои се занимаваат со графички дизајн, обработка на текстови и подготовка на дигитални верзии на документите премни за објавување. Покрај тоа, кандидатот/ката треба да:

 

  • Да има минимум 3 (три) години искуство од областа на графичкиот дизајн
  • Пожелно е претходно искуство со графички дизајн во меѓународни проекти.  

 

Кандидати кои ќе аплицираат потребно е да ја достават следната документација:

  • Кратка биографија, пожелно во Европас формат (Ве молиме концентрирајте се на искуството кое е поврзано со темата на огласот),
  • Претходни 3 (три) изработени дизајни на брошури/публикации/други документи во електронски формат.

 

Дизајнерот ќе биде ангажиран во периодот септември/октомври 2024 година. За ангажманот ќе биде склучен договор и исплатен надомест за направената услуга во согласност со правилата на ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка.

 

Начин на аплицирање:

Потребната документација треба да се достави на следната е-пошта Ljupka.kjurkchieva@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за ЕПАЛЕ графички дизајнер со краен рок на аплицирање до 30 август 2024 година.

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката  за ангажирање на графички дизајнер во ЕПАЛЕ и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx