Врз основа на Решение 20-326/2 од 24.04.2025, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува
ЈАВЕН ПОВИК
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, се објавува повик за избор на еТвинери за следниве настани:
БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ И НАСТАНИ:
1. за избор на 4 (четворица) еТвинери од средни училишта за учество на семинар на тема: „Прославувајќи го она што нè обединува – За подобра иднина во Европа (Celebrating what unite us – For a better future in Europe)", кој ќе се одржи од 15 до 17 мај 2025 година во Регенсбург, Германија;
2. за избор 2 (двајца) еТвинери од наградени еТвининг училишта за 2025–2026 година за учество на конференција на тема: “Зајакнување на образованието зa граѓанство и еТвининг училиштата (Straitening citizenship education in eTwinning schools )" која ќе се оддржи од 16 до 17 мај 2025 година во Ница, Франција.
еТвинери се регистрирани наставници на еТвининг платформата чии обврски вклучуваат учество во едукативни проекти, споделување знаења и идеи, како и вклучување на учениците во различни проектни активности. Согласно горе наведеното, барам да се донесе Решение за објавување повик и да се објави на веб страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) www.na.org.mk.
ТРОШОЦИ ЗА УЧЕСТВО
Националната агенција ќе ги покрие трошоците за авионски билет, сместување и котизација за учество на настаните. Учесникот индивидуално треба да ги покрие трошоците за превоз до и од аеродромот и до местото на одржување на настанот, како и да обезбеди патничко осигурување за договорениот период.
РАБОТЕН JАЗИК НА НАСТАНОТ
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
1. За семинарот во Регенсбург на тема; “Прославувајќи го она што нè обединува – За подобра иднина во Европа (Celebrating what unite us – For a better future in Europe)"кој ќе се одржи од 15 до 17 мај 2025 година
2. За конференцијата во Ница на тема: “Зајакнување на образованието зa граѓанство и еТвининг училиштата (Straitening citizenship education in eTwinning schools)"која ќе се оддржи од 16 до 17 мај 2025 година
Критериумите за учество ќе се проверуваат во еТвининг профилот на секој апликант.
*При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија.
Начин на аплицирање
Краен рок за аплицирање на повикот е29.04.2025 година до 16.00 часотсо пријава на следниот линк:
Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите треба да се пријават преку соодветниот линк за настанот за кој аплицираат:
https://forms.gle/twYGRaQhLkDXw1oWA
https://forms.gle/uABEEzojwq2bB9pK7
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката избор на еТвинери, за учество на 3(три) семинари на тема:„Прославувајќи го она што нè обединува – За подобра иднина во Европа (Celebrating what unite us – For a better future in Europe)", кој ќе се одржи од 15 до 17 мај 2025 година во Регенсбург, Германија; „Образование за граѓанство и европски вредности (Citizenship Education and European values)", кој ќе се одржи од 9 до 11 мај 2025 година во Будимпешта, Унгарија и “Зајакнување на образованието зa граѓанство и еТвининг училиштата (Straitening citizenship education in eTwinning schools )" која ќе се оддржи од 16 до 17 мај 2025 година во Ница, Франција. При извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.