fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН КОНКУРС за ангажирање на 3 (тројца) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

06.5.2025 14:24:26

Врз основа на Решение бр. 04-361/4 од 05.05.2025 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува:

ЈАВЕН КОНКУРС

за ангажирање на 3 (тројца) надворешни соработници во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 3 (тројца) надворешни соработници и тоа:

  1. Еден (1) надворешен соработник за изработка на Функционална анализа и помош при изготвување на Систематизација на работни места на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

-        VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени или хуманистички науки;

-        најмалку десет години работно искуство во струката;

-        да има најмалку пет години работно искуство со управување на програмата Еразмус+;

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

  1. Еден (1) надворешен соработник за правни постапки

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

-        VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правни науки;

-        најмалку десет години искуство во застапување на работни постапки;

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

  1. Еден (1) надворешен соработник - лектор

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови

-        VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, хуманистички науки

-        најмалку пет години работно искуство во струката;

-        положен лекторски испит;

-        активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-        активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

-        да е државјанин на Р. С. Македонија,

-        активно да го користи македонскиот јазик,

-        да е полнолетен,

-        да има општа здравствена способност

Кандидатите кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:

               - Кратка биографија (Curriculum Vitae)  – европски образец;

               - Писмо за мотивација;

               - Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

               - Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

               - Уверение/диплома за завршен степен на образование;

               - Доказ на работно искуство;

               - Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) – за позициите каде што е наведено;            

               - Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – за позициите каде што е наведено и

               - Доказ за положен лекторски испит издаден од Министерство за култура – за позицијата каде што е наведено.

Временска рамка за извршување на работни активности:

               -    Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од една година.

Јавниот конкурс трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција или по пошта на следнава адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

 (со назнака – Јавен конкурс бр. 02/2025)

Контакт: 02-3109-045

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 (тројца) надворешни соработници и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk






Поврзете се

    czxczcx