fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „Стручно образование и обука (СОО) – Градење на капацитети на земјите од Западен Балкан” – за искусни Еразмус+ корисници во средните стручни училишта

04.8.2025 14:33:00

03.09.2025 – 05.09.2025,

Бечичи, Будва, Црна Гора

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во организациско партнерство и соработка со Националната агенција од Република Србија, објавува јавен повик за учество на 6 учесници на активноста за обука и соработка „Стручно образование и обука (СОО) – Градење на капацитети на земјите од Западен Балкан”. Настанот е планиран за реализација согласно поднесената годишна програма во програмата Еразмус+ за 2025 година.

Националните агенции од Република Северна Македонија и Република Србија, носители на имплементација на програмата Еразмус+ во двете земји, заедно организираат активност за обука и соработка во Црна Гора во периодот од 03-05 септември 2025 година. Покрај учесниците од двете земји, ќе учествуваат и претставници од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, држави кои се со статус на партнерски држави во програмата со цел квалитетна идна соработка, вмрежување и заеднички активности во рамки на програмата Еразмус+.

 

Тема и цели на настанот: Настанот ќе се реализира согласно стратешките определби на Европската комисија и годишната работна програма за 2025 година на Националната агенција, со цел поддршка и соработка помеѓу асоцијативните и неасоцијативните земји во програмата Еразмус+ (програмски и партнерски држави).

Оваа активност за обука и соработка има исклучително важна улога во унапредување на соработката во делот на стручно образование со цел градење и подигнување на капацитетите на учесниците од земјите на Западен Балкан. Фокусот на овој настан е размена на искуства помеѓу учесниците, креирање на позитивна основа за идни квалитетни заеднички проектни апликации помеѓу средните стручни училишта од земјите-учеснички на истиот. Квалитативниот дел на настанот ќе биде унапреден со присуство на претставници од соодветни европски институции кои развиваат стратегии за унапредување на стручното образование и обука.

Присутните ќе имаат можност да учат од различни перспективи од земјите учеснички  во полето на стручното образование и обука.

Настанот има за цел да обезбеди платформа за размена на искуства на оваа тема и да развие нови стратегии, вмрежување и усогласување на партнери.

 

Очекувани резултати: Преку размена на добри практики и споделување искуства, учесниците ќе го зајакнат знаењето за клучните практики и процеси поврзани со програмата Еразмус+ во полето на стручното образование и обука, како и функционалноста и квалитетната поддршка од страна на Националните тимови за стручно образованиеи обука во Националните агенциии од Северна Македонија и Србија.

Присутните ќе имаат можност да се вклучат во работилници и панел дискусии, да добијат увид од експерти и да се поврзат со колегите.

 

Целна група на учесници:

Апликантите за настанот треба да ги исполнуваат следниве услови:

-          Да се вработени или работно ангажирани во средни стручни училишта;

-          Да имаат искуство во спроведување на најмалку 3 (три) Еразмус+ проекти (координатори или лица директно вклучени во спроведувањето на проектите);

-          Да имаат познавање на англиски јазик;

-          Да имаат искуство во водење работилници со цел поддршка на учесниците од останатите неасоцијативни земји во програмата ( вештини за презентирање и модерирање на настани).

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Активноста ќе се реализира во периодот од 03.09.2025 - 05.09.2025

 (03.09.2025 е ден на пристигнување, 05.09.2025 е ден на заминување)

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторите ќе ги покријат трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

 

 

Аплицирање: Линк за апликација

Крајниот рок за поднесување на апликации е 08.08.2025 година.

 

Забелешка: Известени и контактирани од страна на организаторите на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 6 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx