fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 6 (шест) лица за Меѓународна конференција за Кариерно советување на лица со помалку можности и споделување на добри практики- Пловдив, Бугарија, 24.03-25.03.2026 год

11.3.2026 12:25:02

Врз основа на решение 18-185/1 06.03.2026 година. година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

за избор на лица за Меѓународна конференција за Кариерно советување на лица со помалку можности и споделување на добри практики- Пловдив, Бугарија, 24.03-25.03.2026 год

 

Како дел од програмата „Еразмус+“, Националната агенција ја имплементира и иницијативата Европас и ЕврогајденсОваа иницијатива има за цел да го поддржи развојот на образованието и мобилноста на младите во контекст на европската интеграција, како и да овозможи пристап до значајни информации и ресурси за сите заинтересирани граѓани.

 

Во рамки на имплементацијата на  три годишната програма на Еврогајденс центарот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува објавување на повик, за избор на 6 (шест) лица за Меѓународна конференција за Кариерно советување на лица со помалку можности и споделување на добри практики- Пловдив, Бугарија, 24.03-25.03.2026 год “.

 

Критериуми за аплицирање:

 

-          Да се кариерни советници во средни стручни училишта, универзитети или институции кои работат со кариерно советување (државни и невладини организации)

-          Да имаат најмалку искуство од 3 години во полето на кариерно советување

-          Да имаат познавање од алатки за кариерено советување и нивна употреба

-          Да имаат презентациски вештини и да имаат искуство со подготвка на презентации

 

 

 

 

 

 

 

Начин на пријавување:

 

Сите заинтересирани кандидати потребно е да поднесат кратка професионална биографија (Европас формат) и мотивациско писмона следнава електронска пошта anabela.dimoska@na.org.mkнајдоцна до 16.03.2026 година.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации.

Националната агенција со избраните кандидати ќе склучи договор за вршење услуги во кој ќе се утврдат правата и обврските, како и надоместокот за извршените обврски.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на лица за Меѓународна конференција за Кариерно советување на лица со помалку можности и споделување на добри практики- Пловдив, Бугарија, 24.03-25.03.2026 год, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx