fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на тројца (3) еТвининг амбасадори за идни наставници (Initial Teacher Education – ITE Ambassadors) за периодот 2026–2028 година

30.7.2026 16:47:17

Врз основа на Решение бр.20-492/2 од 30.07.2026 г, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

                                                                                   ЈАВЕН ПОВИК

 за избор на тројца (3) еТвининг амбасадори за идни наставници (Initial Teacher Education – ITE Ambassadors) за периодот 2026–2028 година

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг за периодот 2026–2028 година, потребно е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да пристапи кон објавување Јавен повик за избор на тројца (3) еТвининг амбасадори за идни наставници (Initial Teacher Education – ITE Ambassadors), чиј мандат ќе трае до завршувањето на двегодишниот акциски план.

Воведувањето на еТвининг во иницијалното образование на наставници (Initial Teacher Education – ITE) претставува една од стратешките насоки на акцијата еТвининг. Европските искуства и добрите практики покажуваат дека вклучувањето на студентите – идни наставници во еТвининг уште за време на нивното образование придонесува за развој на нивните дигитални, педагошки и интеркултурни компетенции, како и за унапредување на квалитетот на наставната практика.

Обврски и задачи на еТвининг амбасадорите за идни наставници

Задачите на еТвининг амбасадорите за идни наставници ќе се договараат во координација со националниот еТвининг координатор.

Тие вклучуваат:

  • ·          Промовирање на еТвининг платформата во рамките на иницијалното образование на наставници (Initial Teacher Education – ITE);
  • ·         Организирање на информативни настани со физичко присуство за студенти и универзитетски професори вклучени во иницијалното образование на наставници (Initial Teacher Education – ITE), со цел промоција на придобивките од користењето на еТвининг платформата;
  • ·         Организирање на онлајн инфо сесии за студенти и универзитетски професори вклучени во иницијалното образование на наставници (Initial Teacher Education – ITE);
  • ·         Организирање на интернационални онлајн инфо сесии или работилници за пронаоѓање партнери и воспоставување соработка помеѓу високообразовни институции што спроведуваат иницијално образование на наставници (Initial Teacher Education – ITE).
  • ·         Придонесување кон зголемување на бројот на корисници на еТвининг платформата и промоција на можностите што ги нуди платформата меѓу студентите и универзитетските професори вклучени во иницијалното образование на наставници (Initial Teacher Education – ITE);
  • ·         Поднесување квартални извештаи за реализираните активности, како и доставување листи на учесници, снимки и фотографии од реализираните настани до националниот еТвининг координатор, доколку тоа биде побарано;
  • ·         Учество на годишните состаноци организирани од Централниот сервис за поддршка (CSS), со обврска по нивното завршување да достави извештај до националниот еТвининг координатор.

Финансиски надомест

 Националната агенција ќе им исплаќа финансиски надоместок на ангажираните еТвининг амбасадори за идни наставници, согласно Договорот за ангажман на еТвининг амбасадори.

Надоместокот ќе се исплаќа за следните активности:

  • 3.500,00 денари за секоја реализирана инфо сесија со физичко присуство.
  • Доколку инфо сесијата се реализира во град надвор од местото на живеење на амбасадорот, покрај надоместокот за одржаната активност, се исплаќа и дополнителен фиксен износ од 2.500,00 денари за покривање на патните трошоци во земјата.
  • 3.500,00 денари за секој реализирана онлајн инфо сесија.
  • 10.000,00 денари за реализација на интернационален онлајн инфо сесија или работилница.

Надоместоците се исплаќаат на квартално ниво, по успешно реализираните активности и по доставување на потребната документација, согласно одредбите од Договорот.

Критериуми за аплицирање

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Да е вработен на високообразовна институција во Република Северна Македонија што спроведува иницијално образование на наставници (Initial Teacher Education – ITE), како што се педагошки факултет или друг факултет што образува идни наставници;
  • Да биде регистриран корисник на еТвининг платформата;
  • Да има започнато најмалку еден еТвининг проект;
  • Да поседува развиени организациски, комуникациски и презентациски вештини;
  • Да покаже мотивираност и подготвеност за промоција на еТвининг и спроведување активности во рамките на иницијалното образование на наставници;
  • Да биде подготвен за активно учество на национални и меѓународни активности организирани од Националниот сервис за поддршка (NSО) и Централниот сервис за поддршка (CSS).

*Доколку амбасадорот за идни наставници не ги извршува своите обврски според договореното, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност има право во секој момент да го прекине договорот со него.

Начин на аплицирање

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 06.08.2006 г, на електронската адреса: mila.protuger@na.org.mk

  • ·         кратка биографија (CV) и мотивациско писмо;
  • ·         доказ за регистрација на  еТвининг платформата (слика од профилот или линк до профилот);
  • .
    • ·          

Општи мерки за спречување на корупција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на

за избор на тројца (3) еТвининг амбасадори за идни наставници (Initial Teacher Education – ITE Ambassadors) за периодот 2026–2028 годинаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.  Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx