Јавен повик за учество на активност за обука и соработка
„Мрежите во фокусот: Еразмус луѓето како амбасадори на учеството и европските вредности“
14.12.2026 – 17.10.2026
Рим, Италија
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Италија објавува јавен повик за учество на 3 учесника на активноста за обука и соработка „Мрежите во фокусот: Еразмус луѓето како амбасадори на учеството и европските вредности“која ќе се реализира во Рим, Италија.
Тема и цели на настанот:
Долгорочната активност (LTA) PEACE+ (Participation Erasmus Alumni for Civic Engagement / Учество на Еразмус алумни за граѓански ангажман), координирана од италијанската Национална агенција IT02 NA INDIRE, има за цел да го подобри разбирањето на младите луѓе и граѓаните за европските вредности, да ја зголеми свеста и чувството на припадност кон Европската Унија.
Овој проект за интернационална соработка го промовира граѓанскиот ангажман и демократското учество како клучни предуслови не само за иднината на програмата Еразмус+, туку и за иднината на самата Европска Унија.
Неколку национални агенции воспоставија мрежи на амбасадори или соработуваат со постојни мрежи на Еразмус+ алумни (на пример, ESN, Europeers, Euroapprentices и др.) со цел да ги промовираат можностите што ги нуди програмата и да ги поттикнат новите учесници да се вклучат.
Активноста за обука и соработка организиран од IT02 NA INDIRE, ја зајакнува улогата на Еразмус+ алумните и амбасадорите како активни промотори на европските вредности и граѓанското учество, преку комуникација меѓу врсници, лични сведоштва, активности, настани и кампањи.
Активноста ќе биде насочена кон поттикнување на синергијата меѓу различните мрежи, со следните цели:
Очекувани резултати:
- Вмрежување: учесниците ќе имаат можност да воспостават нови контакти и да ги зајакнат врските со колеги од различни земји.
- Подобро запознавање со постојните мрежи поврзани со програмата Еразмус+ и начинот на нивното функционирање.
- Размената на искуства и добри практики ќе претставува инспирација за идни активности, настани и кампањи, вклучително и во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од програмата Еразмус+.
- Зголемена свест за европските вредности и европското граѓанство кај учесниците.
- Учесниците ќе стекнат продлабочено разбирање за учеството во демократскиот живот и поврзаните теми, како и можност да истражуваат различни аспекти на овие прашања преку учество во разновидни работилници.
Целна група на учесници:
- Претставници на мрежите на Еразмус+ амбасадори управувани од националните агенции во сите сектори на Програмата.
- Членови на европските мрежи на Еразмус+ алумни (ESN, Europeers, Euroapprentices, GaragErasmus Foundation и други).
- Други засегнати страни во рамките на Програмата.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Активноста за обука и соработка ќе се реализира во периодот од 14.12.2026 - 17.12.2026
(14.12.2026 е ден на пристигнување, 17.12.2026 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет и сместувањето (во вид на: билет за превоз до аеродром и назад, локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 19.09.2026година.
Аплицирање: https://salto-et.net/events/show/IT02_0919_THO_2026
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.