ЈАВЕН ПОВИК НА НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ
YOUTH@WORK: CO-CREATION LAB
ОБУКА (2 учесници)
Заеднички креираме алатки за развој на вработливоста и претприемништвото кај младите
1–4 ноември 2026 година | Приштина, Косово
Меѓународна активност за соработка (TCA)
Датум:
1–4 ноември 2026 година, вклучувајќи ги и деновите предвидени за патување
Времетраење:
2 целосни работни дена, без деновите за патување
Локација:
Приштина, Косово
Организатори:
Ресурсниот центар SALTO за Југоисточна Европа, националните агенции за програмата „Еразмус+“ на Италија, Турција и Грција и Партнерството Youth@Work
Учесници:
20 експерти од Базата на обучувачи на Youth@Work, членови на Управната група на Youth@Work и специјализирани експерти во областа на работата со млади.
На настанот ќе учествуваат и експерти - претставници на избраниот давател на услуги, кои се задолжени за подготовка на прирачникот во рамките на Партнерството Youth@Work.
2. ЦЕЛИ НА НАСТАНОТ
- Валидација на теоретската рамка: Врсничка ревизија на концептуалната поврзаност помеѓу работата со млади, претприемништвото, вработливоста и европските рамки за компетенции, со цел да се осигура дека основата на збирката алатки е соодветна за практичарите и усогласена со тековните реалности во областа.
- Обезбедување квалитет на методологиите: Евалуација на алатките за неформално учење, дизајнот на работилниците и вежбите што веќе се собрани од давателот на услугата, за да се обезбеди педагошки квалитет, приспособливост и инклузивност за разновидна публика во областа на работата со млади.
- Стратешки повратни информации: Воспоставување соработнички дијалог со давателот на услугата за да се дадат стручни и критички повратни информации, да се идентификуваат можните недостатоци и да се насочи процесот на финализирање на содржината кон крајниот рок за објавување во март 2027 година.
- Обезбедување сеопфатна усогласеност: Потврдување дека тековниот нацрт ефективно ги опфаќа приоритетните области на партнерството „Youth@Work“, особено зелената и дигиталната транзиција, социјалната инклузија, социјалното претприемништво и социјалните иновации, граѓанскиот ангажман и активното учество, како и практичната примена на рамките DigComp 3.0, EntreComp, GreenComp и LifeComp.
3. ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИТЕ
Настанот ќе собере 20 експерти кои ќе имаат клучна улога во развојот на збирката алатки.
Од националните агенции и центрите SALTO се бара да номинираат кандидати кои поседуваат комбинација од следниве профили/компетенции:
- Обучувачи на „Youth@Work“: Практичари со докажано искуство во дизајнирање и спроведување обуки специјално фокусирани на претприемништвото и вработливоста на младите.
- Методолошка експертиза: Искусни обучувачи за неформално образование способни за вршење врсничка ревизија, мапирање и приспособување на постоечките образовни алатки за објавување.
- Увид во политиките и стратешките аспекти: Поединци со искуство во Управувачката група на „Youth@Work“ или во релевантни истражувања на политики, кои можат да обезбедат усогласеност на прирачникот со пошироките европски стандарди за работа со млади.
- Специјализирано тематско знаење: Практичари со јасно разбирање за тековните рамки на компетенции на ЕУ (особено DigComp 3.0, EntreComp, GreenComp и LifeComp) и начините на кои тие се поврзуваат со зелената и дигиталната транзиција во работата со млади.
- Пристап заснован на соработка: Експерти подготвени да дејствуваат како ко-креатори на содржината.
4. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Во ноември 2026 година прирачникот ќе биде во напредна фаза на развој. Затоа, Co-Creation Lab ќе претставува важна можност за негово преиспитување, унапредување и обезбедување на квалитет пред неговото финализирање.
Од работата на експертите се очекуваат следните резултати:
-Валидација и унапредување на структурата на прирачникот – преку врсничка ревизија на постојната структура, содржина и теоретска рамка.
-Подобрување на квалитетот на методологиите - преку експертски преглед на 15–20 алатки и методологии за неформално учење, со фокус на нивната практичност, применливост, приспособливост и инклузивност.
-Идентификување на недостатоци и можности за подобрување - преку заедничка анализа на содржината и утврдување на елементите што треба да се дополнат или адаптираат.
-Конкретни препораки за финализација на прирачникот - обезбедување јасни и применливи повратни информации за давателот на услугата во последната фаза од подготовката.
- Подготовка на квалитетна и практично применлива публикација, која ќе им биде корисна на младинските работници и едукаторите низ Европа и ќе придонесе кон подобрување на работата со младите во областите на вработливоста и претприемништвото.
Финализирањето и објавувањето на прирачникот е планирано за март 2027 година.
5. ПАРТНЕРСТВОТО YOUTH@WORK
Овој настан е дел од партнерството YOUTH@WORK за вработливост и претприемништво на младите во рамките на Националните агенции на Erasmus+. YOUTH@WORK е алијанса на Националните агенции на Erasmus+/Европски солидарен корпус од Италија (водечка НА), Кипар, Грција, Унгарија, Италија, Малта, Полска, С. Македонија, Шпанија и Турција, како и ресурсните центри SALTO-YOUTH за Источна Европа и Кавказ (Полска), Југоисточна Европа (Словенија) и Обука и соработка (Германија). Партнерството е активно од јануари 2018 година.
За повеќе информации за YOUTH@WORK, посетете ја нашата веб-страница - www.youthatworkpartnership.org и нашите социјални медиуми.
6. ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ
Трошоците поврзани со патувањето и сместувањето на номинираните учесници ќе бидат покриени согласно правилата и процедурите на националната агенција која ги номинира учесниците.
Дополнителните информации за патувањето, сместувањето и останатите логистички аспекти ќе им бидат доставени на номинираните учесници.
7. НАЧИН НА УЧЕСТВО
Сите заинтересира да испратат CV и мотивација за учество на електронската адреса: Jovica.mitevski@na.org.mk најдоцна до 25.09.2026 до 12 часот.
8. ОПШТИ МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за номинирање на учесници и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката, истото може да се пријави на следните е-пошти: