fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 2 (двајца) еТвинери за учество на конференција која ќе се одржи во период од 05-07 ноември 2026 година во Загреб, Република Хрватска

02.10.2026 13:41:13

 

 

                                                                                     ЈАВЕН ПОВИК

за избор на 2 (двајца) еТвинери за учество на конференција која ќе се одржи во период од 05-07 ноември 2026 година во Загреб, Република Хрватска

 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, потребно е да се објави повик за избор на 2 (двајца) еТвинериод училишта кои имаат добиено Ознака за еТвининг училиште за 2026–2027 година, за учество на еТвининг конференција која ќе се одржи во период од 05-07 ноември 2026 година во Загреб, Република Хрватска.

 

Конференцијата е наменета за еТвинери од училишта кои имаат добиено Ознака за еТвининг училиште за 2026–2027 година

еТвининг училиштата се училишта кои имаат добиено Ознака за еТвининг училиште поради нивната активност и посветеност на еТвининг.

 

Критериуми за аплицирање

 

ü  Лицето треба да биде регистрирано на еТвининг платформата;

ü    Лицето да биде вработено во училиште кое има добиено Ознака за еТвининг училиште за 2026–2027 година;

ü  Лицето да има учествувано во еТвининг проекти и обуки за професионален развој;

ü  Лицето да има познавање на англиски јазик и основни вештини за работа со компјутер;

При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти:

ü  историјата на учество на претходни еТвининг семинари;

ü  застапеност по региони во Република Северна Македонија;

ü  како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.

Начин на аплицирање

Краен рок за аплицирање на повикот е07.10.2026 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите потребно е да го пополнат формуларот за учество на следниот линк:

https://forms.gle/iSdEHb8wJ6aaftsU8

Трошоци за учество

Националната агенција ќе ги покрие трошоците за патувње, сместување и котизацијата за настанот. Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во постапката за избор на 2 (двајца) еТвинериод училишта кои имаат добиено Ознака за еТвининг училиште за 2026–2027 година за учество на конференција под наслов „Училишта подготвени за иднината со еТвининг: од силни темели до предводници на промените“ која ќе се одржи во период од 05-07 ноември 2026 година во Загреб, Република Хрватска ипри извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx