fb_img
Font size
Contrast

СПОРТ



АКТИВЕН ЖИВОТ ЗА СИТЕ

Промоција на спортските вредности и образованието


Еразмус+ спорт


Програмата Еразмус+ спорт опфаќа активности од областа на спортот, која промовира учество во спортски, физички активности и волонтирање.
Програмата Еразмус+ во областа на спортот нуди можност за реализација на проектни идеи преку две активности:

Клучна акција 1 (децентрализирани апликации)

Мобилност на лица вклучени во спорт

Со аплицирање за мобилност, локалните спортски клубови им овозможуваат на своите тренери и/, или друг спортски персонал и волонтери да реализираат мобилност во странство преку два вида на активности:

  • Следење, набљудување на работа и размена на практики на дневно ниво во друг спортски клуб во период од 2-14 дена.
  • Парактична работа /тренинг и можност за размена на искуства со други тренери од спортски клуб домаќин во период од 15-60 дена.

Проектите можат да се реализираат во период од максимум 18 месеци со максимален број на учесници од 10 лица.

Постигнувањето на целите на оваа активност ќе му овозможи на персоналот да ги подобри компетенциите, квалификациите и да стекне нови вештини преку учење и престој во друг спортски клуб, а со тоа и зајакнување на спортската организација.

Ова е нова можност за активност преку програмата Еразмус + спорт која е достапна за локалните спортски клубови и сите заинтересирани може да аплицираат во националната агенција (линк).

Водичот за програмата Еразмус+ содржи клучни информации за сите кои сакаат да аплицираат за проект од оваа област. Потребно е да се пронајде видот на мобилноста која што одговара на активностите, детално да се прочитаат условите за учество, критериумите и да се изберат опциите. Забелешка: во случај на разлики помеѓу било која друга и англиската верзија на Водичот, предност има англиската верзија.

Формуларот за апликација може да се најде на страницата Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус во делот Можности за Еразмус+.

Можете да не контактирате на е-поштата: info@na.org.mk



Клучни акции 2 (централизирани апликации за кои се аплицира во EACEA Брисел):

Спорт за колаборативни партнерства
Преку оваа активност, спортските институции можат да разменат добри искуства и практики со партнерите во проектот, на пример, да дојдат до нови методи на работа.

Мали партнерства
Малите организации со помало искуство и поединците, на пример, кои првпат учествуваат во програмата, полесно ќе регистрираат проект преку оваа активност. За разлика од колаборативните партнерства, бариерите за учество се целосно намалени со поедноставни административни барања.

Непрофитни европски спортски настани
Преку оваа активност можете да организирате спортски настани кои го промовираат волонтерството во спортот, социјалната инклузија, борбата против дискриминацијата и настани кои поттикнуваат учество во физичка активност.

Еразмус+ спорт КА2 е централизирана акција, што значи дека е директно управувана од Европската комисија, односно Извршната агенција за образование и култура (EACEA). Апликациите за овие акции се прават преку  Funding & Tender Opportunities (Порталот за финансирање и тендерски можности), а повеќе информации за активностите можете да најдете на веб-страницата на Европската комисија.











Connect

    czxczcx