fb_img
Font size
Contrast

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност водејќи сметка за контекстот на институцијата, како и за посветеноста на квалитетот како нејзина стратешка определба, целосно се определува да спроведе Политика за квалитет. Таа е составен дел на целокупното работно опкружување и е заснована на воспоставување, примена и одржување на принципите за унапредување на квалитетот.

Нејзина цел е потполно задоволување на барањата на стандардот ИСО 9001:2015, потребите и очекувањата на заинтересираните страни, со единствен став за континуирано подобрување на Системот за управување со квалитет и зголемување на ефективноста и ефикасноста на процесно ориентираното работење на институцијата.

Основните принципи на Политиката за квалитет, кон кои се обврзува Националната агенција се засноваат на:

⮚ Обезбедување на висок и постојан квалитет во промоција и спроведување на европските програми од областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Северна Македонија;

⮚ Уважување на заинтересираните страни со тоа што на корисниците на програмите како учесници во проектите, персоналот кој е вклучен во образовниот процес, претпријатијата, правните лица, трговските друштва, стопанските комори, истражувачките центри и здруженија на граѓани и фондации ќе им се обезбеди квалитетна услуга која ги задоволува нивните потреби и очекувања;

⮚ Одлучување врз основа на детални анализи од прибраните податоци, прецизни мерења на карактеристиките на услугите, процесите, како и системот за квалитет, со што гарантираме обезбедување на квалитетна услуга до заинтересираните страни, зголемување на нивната доверба кон нас и подобрување на имиџот на институцијата;

⮚ Зголемување на транспарентноста во работењето со унапредување на достапноста на информациите за сите заинтересирани страни;

⮚ Развивање на институцијата, користејќи го знаењето и искуството на вработените, препознавајќи го нивниот придонес, како и обезедување на опкружување во кое тие се мотивирани за остварување на сите свои можности и овластувања да работат во рамките на дефинираните одговорности;

⮚ Перманентно спроведување на стручното оспособување на квалитетот на вработените на сите нивоа, водење грижа за подобрување на условите за работа, опремата и знаењето на вработените, како и заштита на животната средина;

⮚ Воспоставување на електронски систем за управување со работните процеси и документи;

⮚ Прифаќање на процесен пристап во управувањето со нашето работење и управување со нашите процеси како единствен систем од меѓусебно поврзани процеси, кој ги остварува сите цели на институцијата;

⮚ Унапредување на контролата на примена на законите и европските регулативи;

⮚ Идентификација и соодветно управување со сите ризици во работните процеси на Националната агенција;

⮚ Континуирано одржување и подобрување на Системот за управување со квалитет, согласно стандардот ИСО 9001:2015.





Connect

    czxczcx