fb_img
Font size
Contrast

Возрасни ученици со помали можности и ниска квалификација како дел од новата програма на Еразмус +


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) ги поддржува апликантите за проекти и корисниците на програмата Еразмус + , во вклучување на лица со помалку можности во проекти и ќе им олесни на истите да учествуваат во активностите на програмата со цел да се придонесе кон создавање на поинклузивно општество.

Вклучувањето, еднаквите можности и разновидноста, се принципи што Европската комисија ги вгради во своите програми за образование, обука и млади, а НАЕОПМ ги промовира истите овие принципи во својата работа за да обезбеди еднакви можности.

Главната цел е да се зголеми бројот на учесници со помалку можности во проектите на овие програми на ЕУ.

Проектите за мобилност на ученици и кадар во образование на возрасни, како дел од активностите на Еразмус + програмата, ги поддржува организациите и провајдерите активни во полето на образование на возрасни кои сакаат да организираат образовни мобилни активности за возрасни ученици и кадар.

• Институциите и организациите за образование на возрасните се правни или физички лица кои имаат регистрирано дејност за образование на возрасните со соодветна верифицирана програма.

• Лицата кои немаат завршено најмалку средно образование во Република Северна Македонија се сметаат за возрасни ученици со ниска квалификација, подобни за учество во програмата.

Еразмус+ е отворена за студенти, млади, ученици во стручно образование и обука, образовни работници, волонтери, лица кои работат со млади и лица кои работат во аматерските спортови. Програмата нив ќе ги вклучи преку образовни установи, организации за млади, претпријатија, локални и регионални тела и невладини организации, институции, тела или групи кои работат во областа на образование, обука и млади.

Програмата Еразмус + претпоставува институционален пристап во аплицирањето, зошто на тој начин ефектите од стекнатото искуство и знаење од проектот се пренесуваат на поширок круг луѓе. Апликации на физички лица не се прифатливи.

Сите апликанти мора да бидат регистрирани во системот за регистрација и порталот за корисници на Европската Комисија. Упатство за регистрација за во системот за регистрација и порталот за корисници на потенцијалните апликанти за програмата ЕРАЗМУС+

Со цел вклучување во Еразмус+, високо-образовните институции треба да поседуваат валидна Универзитетска повелба. Листа на високо-образовни институции од Република Македонија носители на ERASMUS CHARTER.

Со цел вклучување во Еразмус+, градинките, основните и средните училишта треба да бидат регистрирани во МОН како вршители на соодветната дејност.

• Надлежни институции (авторитети) за училиштата во Република Македонија се: Министерството за Образование и Наука, како и следните општини

Листа на основни училишта што имаат право да аплицираат за Еразмус+ грант – училишно образование;

Листа на јавни и приватни средни училишта што имаат право да аплицираат за Еразмус+ грант – училишно образование;

• Листа на детски градинки што имаат право да аплицираат за Еразмус+ грант – училишно образование.

• Листа на локални и национални власти/институции што имаат право да аплицираат како координатори на конзорциуми во КА1 Училишно образование и како партнери и координатори на проекти во КА2 стратешки партнерства за регионална соработка.








Connect

    czxczcx