Јавен повик за учество на активност за обука и соработка
„Тематски семинар за мобилност на практиканти во Европа: градење соработка помеѓу европските тренери за практиканти со цел да се поттикне учеството на практикантите во европските шеми за мобилност“– Клучна акција 1 во високо образование / стручно образование
12.11.2023 - 15.11.2023
Бордо, Франција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Франција - Agence Erasmus+ France / Education Formation, објавува јавен повик за учество на 2 учесника на активноста за обука и соработка „Тематски семинар за мобилност на практиканти во Европа: градење соработка помеѓу европските тренери за практиканти со цел да се поттикне учеството на практикантите во европските шеми за мобилност“.
Подтеми: мобилност на практиканти, работни места во странство
Француски партнери: Коорганизатор на семинарот е EuroAppMobility (https://www.euroappmobility.eu/en)
Цели на семинарот:
- Да се овозможи подобро познавање на системите за практиканти во Европа;
- Да се обединат и/или развијат партнерства помеѓу европските организации за обука на практиканти;
- Да се поврзат раководителите на мрежите за практиканти за проектите за мобилност и партнерства Еразмус+;
- Да се помогне во пронаоѓањето работни места за учење во странство.
Очекувани резултати од семинарот:
Поттикнување на мобилноста кај практикантите низ Европа.
Целна група:
Веќе постоечките корисници и раководни лица, кои сакаат да ги зајкнат своите понуди за мобилност во делот на високо образование и стручно образование
Семинарот е отворен и за тренери и координатори за мобилност во високо и стручно образование
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 12.11.2023 - 15.11.2023
(12.11.2023 е ден на пристигнување, 15.11.2023 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Бордо,Франција во периодот 12.11.2023 - 15.11.2023. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.
Крајниот рок за поднесување на апликации е 31.05.2023 година.
Форма за аплицирање:https://salto-et.net/events/show/FR01_0468_THO_2023
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на тна активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.