13-17 ноември 2023/ Тел Авив, Израел
Овој семинар, ќе им овозможи и ќе ги инспирира професионалните и активните волонтери, да откријат како да управуваат со одржливата страна на социјалното претприемништво, особено ќе се даде фокус на животната средина кога станува збор за одржливост.
Опис:
Овој семинар/студентска посета ќе им овозможи и ќе ги инспирира професионалните и активните волонтери, да откријат како да управуваат со одржливата страна на социјалното претприемништво, организациско управување и социјалните иновации, особено ќе се даде фокус на животната средина кога станува збор за одржливост. Преку посетите на организациите, структурите на младинското движење, како и општествените и еколошките структури во Тел Авив и околината, ќе се создаде простор за инспирација, размена на искуства и развој на компетенции.
Неодамна, одржливоста на животната средина претрпе промена поттикната од активизмот и општествената промена.
Активноста ќе истражува како различни организации можат да станат промотери на иновации, социјална правдина и развој на општеството. Ќе ги олесни партнерствата, ќе создаде мрежи од засегнатите страни и ќе овозможи споделување на практики, особено во контекст на Европа и Израел.
Основни цели на активноста:
1. Да се истражат практиките кои се импементирани во Израел во рамки на социјалното претприемништво и социјалните иновативни еко-системи, со особен фокус на проекти и иницијативи поврзани со заштита на животната средина и употреба на чиста технологија.
2. Да се поттикне создавање на проекти и активности за вмрежување кои се во склоп на програмата Еразмус +
Конкретни цели на активноста:
1. Да се подобри знаењето за младинското претприемништво и за социјалните и еколошките влијанија на социјалните претпријатија во Израел;
2. Да се поттикне созавањето на мрежи и соработка помеѓу учеснците од Израел и учесниците од европските земји;
3. Да постои можност да се анализираат и споделуваат најдобрите практики, иновативните методи и алатки, како и предизивиците поврзани со животната средина.
4. Да се открие широкиот спектар на можности што ги нуди Еразмус+ и Европската Унија, и да се направат првите чекори кон нови проекти за соработка на национално и меѓународно ниво, кога се работи за животната средина.
Профилот на учесници ќе биде професионални и активни волонтери кои работат во области опфатени со овој настан, кои сакаат да учествуваат во проекти од Еразмус+ и Европски солидарен корпус, младински работници, проектни менаџери, социјални претприемачи, од младински организации, претпријатија и институции кои работат во рамки на одржливост на животната средина, стар-ап младински компании, универзитети, фондации кои потекнуваат од програмските земји и Израел.
Примена на активноста: активноста ќе трае 4 работни дена, и покрај добрите искуства и инстуционалните придобивки, предвидени се и студиски посети, конкретно во организации, иновативни проекти за заштита на животната средина, да се создаде вмрежување помеѓу учеснците; информативни сесии на Европските младински програми, тематски сесии и работни групи во врска со животната средина и евалуација на применетите активности.
Активноста и локацијата на настанот се приспособени и за лица со физичка попреченост
Јазик на кој ќе се зборува на настанот: Англиски
Учесниците ќе добијат сертификат - Youthpass од организаторите, за препознавање на развојот на нивните компетенции за време на активноста.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Семинарот ќе се реализира во периодот од 13.11.2023 - 17.11.2023
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 13.09.2023 година.
Линк за аплицирање:
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат избраните учесници и на резервна листа
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за номинација на 2 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.