fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „Зелени практики во Еразмус+ проекти”

08.2.2024 07:54:24

10.04.2024 – 12.04.2024

Братислава, Словачка

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Словачка, објавува јавен повик за учество на 2 учесника на активноста за обука и соработка „Зелени практики во Еразмус+ проектите” која ќе се реализира во Братислава, Словачка

 

Цели на настанот:

Одржливоста и зелените практики се еден од главните хоризонтални приоритети на Еразмус+ програмата. Со овој семинар сакаме да ги вмрежиме учесниците од училишното и стручно образование, кои се заинтерсирани за одржливоста, сметаат дека е важна тема и кои веќе почнале или планираат да применат одржлив пристап во нивните проекти и/или институции. Овој семинар ќе биде целосен приказ на примери за добри практики од проектите од Клучна акција 2 на Еразмус+ програмата, кои имаат големо влијание на индивидуално, но и на организациско ниво. За време на семинарот, учесниците ќе имаат можност да ги споделат најдобрите практики, меѓусебно да се инспиририраат и да се вмрежат.

 

Очекувани резултати:

-          Споделување добри практики

-          Разменување на идеи

-          Вмрежување

-           

Целна група:

Семинарот е отворен за апликанти од областа на училишно и стручно образование. Потребно е апликантите да имаат тековен КА2 проект со зелени практики како приоритет, да планираат да бидат апликанти во следниот период, или да имаат искуство со Еразмус+ проекти со акцент на зелени/одржливи теми.

 

 

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 10.04.2024 - 12.04.2024

 (10.04.2024 е ден на пристигнување, 12.04.2024 е ден на заминување)

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 15.02.2024 година.

 

Аплицирање:  https://salto-et.net/events/show/SK01_0517_THO_2023

 

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на  активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx