fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Европската академија за младинска работа, трето издание (2 лица кои директно се вклучени во младинската работа)

21.2.2024 12:32:16

Европската академија за младинска работа, трето издание

(2 лица кои директно се вклучени во младинската работа)

Конференција – Симпозиум – Форум

14-17 мај 2024 година | Крањска Гора, Словенија

 

Како подобро да се подготвиме за идните размислувња? Како да дејствуваме, да ја планираме и да ја замислиме иднината на младинската работа која ни претстои?

Целна група: Младински работници, обучувачи, младински лидери, менаџери на младински проекти, младински креатори на политики, младински истражувачи, други професионалци во области релевантни за младинскиот сектор.

Што е Европската академија за младинска работа (EAYW)?

Европската академија за младинска работа (EAYW) има за цел да го промовира развојот на квалитетна младинска работа и да го поддржи нејзиниот капацитет со цел да реагира на сегашните и идните случувања. Поради тоа, се фокусира на поддршка на иновациите во младинската работа, како одговор на трендовите, предизвиците и неизвесностите со кои се соочуваат младите луѓе во денешното општество кое е во постојан развој.

Европската академија за младинска работа (EAYW) нуди платформа за размислување, размена и собирање искуства и знаења за трендовите и случувањата во полето на млади во Европа, како и за иновативните одговори на младинската работа на овие трендови и случувања. На овој начин, придонесува за европскиот екосистем за младинска работа кој поддржува квалитетен развој и иновации во младинската работа.

Европската академија за младинска работа (EAYW) одговара на барањата изразени во завршната декларација на 3-та Европска младинска конвенција за охрабрување и поддршка на различните чинители во младинската работа во Европа, да се стремат „кон одржување на добрите структури и практики кои веќе постојат, нивниот развој кога се јавува потреба и простор за иновации во нашето размислување, нашата организација и нашите практики “.

Третиот настан на Европската академија за младинска работа (EAYW) ги следи успешните први два настана, кои беа организирани во мај 2019 и мај 2022 година во Крањска Гора, Словенија на кој се собраа околу 170 професионалци од младинската работна пракса, истражување, политика и сродни области, вклучително и институции кои ја поддржуваат младинската работа во различни нивоа. По повикот за предлози, беа презентирани и дискутирани околу 30 иновативни практики поврзани со младинската работа во врска со иновациите и нивните врски со сегашните и идните трендови и случувања.

 

Специфичните цели на 3-от настан на Европската академија за младинска работа (EAYW)  се да поддржи градење на знаења, учење од колеги и вмрежување со цел:

-          Заеднички да се истражат новите трендови и идните случувања и да се разговара за влијанието врз работата на младите;

-          Да се прикажат и вклучат различни иновативни практики, пристапи и стратегии кои се развиени како одговор на овие случувања;

-          Да се поттикне вмрежување и иновативно размислување за иднината на младинската работа во заедницата.

Настанот на Европската академија за младинска работа (EAYW) има за цел да биде инклузивен и партиципативен во својот пристап и да даде глас на придонесите што ги претставуваат различните нивоа, средини и засегнати страни во младинската работа. Рефлексијата заснована на различни перспективи треба да помогне да се идентификуваат одговорите на трендовите што би можеле да бидат преземени од различни улоги.

Настанот и местото е достапно за лицата со посебни потреби.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Настанот ќе се реализира во периодот од 14.05.2024 - 17.05.2024

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 26.02.2024година(12.30ч).

Апликацијата потребно е да се симне на вашиот компјутер, да се пополни комплетно и истата да биде испратена на Jovica.mitevski@na.org.mk со наслов  „Европската академија за младинска работа

Линк за аплицирање: Симнете го формуларот ОВДЕ.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx