fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на двајца етвинери за учество на еТвининг семинар во Љубљана, Словенија

19.10.2022 14:34:03
Врз основа на Решение  бр. 20-1212/2 од 19.10.2022, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:


ЈАВЕН ПОВИК

    за избор на 2(двајца) етвинери за учество на еТвининг семинар во Љубљана, Словенија




Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за избор на 2 (двајца) еТвинери, кој ќе заминат на семинар, под наслов : „ Училиште за еднаквост и инклузија „кој ќе се одвива од 01-03 декември 2022 во Љубљана, Словенија

Кој може да аплицира?

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:

-          Лицето да е регистрирано на еТвининг порталот

-          Лицето да работи со ученици од 6-14 возрасна категорија

-          Лицето да е вработено во основно училиште

Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки

Трошоците за пат и сместување се покриени од страна на Националната агенција за европски обрзовни програми и мобилност

Начин и рок за аплицирање?

Повикот трае до 25.10.2022 година, 16.00 часот.  Кандидатите е потребно да достават на електронската пошта mila.protuger@na.org.mk:

  • еТвининг портфолио или Кратка Биографија
  • Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште, адреса на живеење






Поврзете се

    czxczcx