Еврогајденс центарот при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, согласно Решение бр 18-1254/1 од 27.10.2022 објавува
Повик за изработка за публикација за кариерно советување
Темата на публикацијата е „Кариерно советување/насочување во Република Северна Македонија“.
За таа цел НАЕОПМ има за цел да ангажира тројца експерти:
- Еден експерт по кариерно советување/насочување во сферата на основното образование
- Еден експерт по кариерно советување/насочување во сферата на средното образование
(со акцент на средно стручно и дуално образование)
- Еден експерт по кариерно советување/насочување во сферата на високото образование
Содржинските теми за кои ќе бидат ангажирани експертите се:
- Основи на кариерното советување и насочување во полето
- Техники и алатки на кариерно советување и насочување
- Кариерното советување и насочување на деца и лица со попреченост
- Извршено истражување со статистички податоци
- Добри и лоши страни на кариерното советување и насочување
- Заклучоци и препораки
Еден експерт треба да ги опфати овие теми со минимум 40, а максимум 50 страници (А4 формат, фонт Arial, големина 12).
Текстот треба да биде напишан на македонски и на англиски јазик.
Критериуми за аплицирање:
- Минимум тригодишно искуство во сферата на кариерното советување и насочување (приложени сертификати од обуки ќе се сметаат за предност)
- Напредно познавање на англиски јазик
За оваа активност, Еврогајденс центарот има предвидено финален буџет од 2000.00 евра
Начин на аплицирање:
Споделете го Вашиот Европас профил или Европас кратка биографија, најдоцна до 15.11.2022, на euroguidance@na.org.mk со наслов на е-поштата: Апликација за експерт/ка за Еврогајденс публикација.