Согласно Решението за објавување на јавен повик бр. 21-485/2 од 10.04.2023 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавува
ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 3 (ТРИ) УЧЕСНИЦИ НА (TOSCA)– обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус
24-28 Април 2023 година | Кавала , Република Грција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија во соработка со Национална агенција на Република Грција објавува јавен повик за учество на 3 учесници за обука во Република Грција на тема: (TOSCA)– обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус
Рок за аплицирање до 16 Април 2023
Главна цел на обуката е да се овозможи поголемо разбирање на приоритетите на програмата ЕСК при дизајнирање на волонтерски проекти, стекнување на вештини за креирање и импелементирање на волонтерски проекти со акцент на квалитетот на проектите, поголемо познавање на правилата на програмата, можност за дискусија помеѓу учесниците за важни прашања и предлог решенија за истите, како и размена на искуства и вмрежување.
Обуката ќе се реализира од 24-28 Април 2023 година во Кавала , Република Грција.
Оваа обука е наменета за претставници на организации кои имплементираат волонтерски проекти преку програмата Европски солидарен корпус.
Цели на обуката:
● Зголемено разбирање и свесност и посветеност во примената на клучните критериуми за квалитет во Европски солидарен корпус
● Градење на компетенции за дизајнирање и имплементација на квалитетни волонтерски проекти преку ЕСК
● Обезбедување на појаснувања и поддршка во однос на формалното функционирање на програмата ЕСК: можности, насоки, структури, приоритети, правила и процедури.
● Mожност за дискусија помеѓу учесниците за важни прашања и можни предлог решенија за истите
● Зголемување на поддршката помеѓу самите органзиации кои се вклучени во Европски солидарен корпус
Учесниците треба да се :
Профил на учесници:
Трошоци
Принципот на покривање на трошоци е на следниот начин:
• Организациски трошоци (сместување, храна) се покриени од домаќинот/координаторот;
• Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во Вашиот случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) обезбедува 5% од висината на патниот билет (локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест ).
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите ќе се одржат во Кавала, Република Грција.
Рок за аплицирање до 16 Април 2023
Начин на аплицирање на следниот линк: https://forms.gle/fTbaDRj9Cguxifix7
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници за обука во Република Грција на тема: (TOSCA) – обука и поддршка на организации активни во волонтерски активности во Европски солидарен корпус, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.