fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Соопштение до сите млади/ учесници на младински проекти преку програмата Еразмус+

20.4.2023 14:46:19

Почитувани млади потенцијални идни учесници на младински проекти,

 
Националната агенција за европски програми и мобилност Ве информира дека програмата Еразмус + целосно го поддржува учеството на младите во проекти кои се од интерес за младите.

Оваа поддршка пред се подразбира целосно покривање на трошоците за:

  • Патување (паушална сума која се одредува според   https://erasmus-plus.ec.europa.eu/resources-and-tools/distance-calculator  )
  • Сместување (за времетраење на младинската активност)  
  • Обезбедување на оброци и кафе паузи за време на младинската активност
  • Трошоци за виза или вакцина (доколку истото е одобрено со проектот ) .

 
Ве информираме дека има случаи  кога спротивно  на правилата на Еразмус +  младинските организации бараат уплата на т.н котизација за учество или селекција на учесници на младински проекти и при тоа се бара уплата на одредена сума на средства на сметка на физичко или правно лице.

Националната агенција Ве информира дека се оградува од било какви барања на младинските организации за финансиска уплата во име на  т.н котизација за учество или селекција на учесници на младински проекти преку програмата Еразмус+.

 
Истовремено Националната агенција инфомира дека ќе реагира согласно нејзините надлежности и овластувања за секоја утврдена неправилност поврзано со горенаведените ситуации.      
 






Поврзете се

    czxczcx