fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за Еразмус+ акредитација за 2023 година во областа на образованието за возрасни, стручното образование и обука и училишното образование

14.9.2023 13:51:08

Врз основа на Решение број 18-920/2 од 13.09.2023 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  (Национална агенција) објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА

ЕРАЗМУС+ АКРЕДИТАЦИЈА ЗА 2023 ГОДИНА ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА ВОЗРАСНИ, СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И УЧИЛИШНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Еразмус+ акредитацијата е алатка за организациите од областа на образованието на возрасните, стручното образование и обука (СОО) и училишното образование коишто сакаат да започнат прекугранична размена и соработка. Доделувањето на акредитацијата на Еразмус потврдува дека апликантот има план за спроведување на висококвалитетни мобилности како дел од еден поширок зафат за развој на својата организација. Планот се вика „Еразмус план“ и тој е клучен дел од апликацијата за Еразмус акредитацијата.

Апликантите може да аплицираат за поединечна Еразмус акредитација за нивната организација, или за Еразмус акредитација за конзорциум за координатори на мобилности. Не е неопходно да се има претходно искуство во Еразмус+ (2014-2020) за да се аплицира.

Oрганизациите коишто се тековно носители на валидни Повелби за мобилност во СОО може да ја трансферираат својата акредитација за идната програма со тоа што ќе аплицираат на овој повик. Како дел од овој повик, сегашните носители на Повелби за мобилности во СОО може исто така да добијат назив за извонредност со кој се признава нивниот минат труд и посветеност кон квалитет.

Акредитираните организации од Еразмус ќе имаат поедноставен пристап до финансирањето на клучна акција 1 во идната програма (2021-2027).

 

Националната агенција ги информира заинтересираните организации дека може да аплицираат во следните полиња:

 

Еразмус акредитации во училишното образование (KA120-SCH) - се доделува 1 акредитација (кои ги вклучуваат следните организации/инситуции):

(1)           Училишта што нудат општо образование во пред-основно, основно и средно образование

(2)           Локални и регионални јавни власти, тела за координација и други организации со улога во областа на училишното образование

 

Еразмус акредитации во стручното образование и обука (KA120-VET) - се доделува 1 акредитација (кои ги вклучуваат следните организации/инситуции):

(1)           Организации кои нудат иницијално или континуирано стручно образование и обука

(2)           Локални и регионални јавни власти, тела за координација и други организации со улога во областа на стручното образование и обука

(3)           Претпријатија и други јавни и приватни организации кои се домаќини, обучувачи или кои на друг начин соработуваат со лицата што учат и почетници во стручното образование и обука

 

Еразмус акредитации во образованието на возрасни (KA120-ADU) - се доделува 1 акредитација (кои ги вклучуваат следните организации/инситуции):

(1)           Организациите што нудат формално, информално и неформално образование за возрасните

(2)           Локални и регионални јавни власти, тела за координација и други организации со улога во областа на образованието на возрасните

 

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 19 октомври 2023 година, 12:00 часот (напладне, бриселско време).

 

Начин на аплицирање:

За да пристапите кон формуларите за аплицирање, Ве молиме пристапите кон следниот линк:  https://webgate.ec.europa.eu/erasmus-esc/home/ .Формуларите се достапни само со вашата сметка за најава во EU login account . Апликантите кои никогаш не учествувале во Еразмус+ програмата (2014-2020) мора да ја регистрираат својата организација и да добијат OID број преку платформата Organisation Registration System на следниов линк: https://webgate.ec.europa.eu/erasmus-esc/organisation-registration/screen/home

 

За повеќе информации и детали да се прочитаат внимателно документите од Генералниот повик 2023 кој може да го најдете на следниот линк :  https://erasmus-plus.ec.europa.eu/erasmus-programme-guide .

 

Општи мерки за корупција:

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на Еразмус плус акредитација за 2023 година во областа на образованието за возрасни, стручното образование и обука и училишното образование и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx