fb_img
Големина на фонт
Контраст

Новости

Јавен повик за избор на двајца кариерни советници за учество на Еврогајденс студиска посета во Белград, Србија.

27.10.2023 12:41:12

Врз основа на Решение бр. 18-1052/2  од 26.10.2023 година, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:


ЈАВЕН ПОВИК

за избор на 2 (двајца) кариерни советници, за учество на Еврогајденс студиска посета 
од 20-21 ноември 2023 во Белград, Србија. 

Согласно усвоената Еврогајденс програма, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува повик за избор на 2 (двајца) кариерени советници, за учество на Еврогајденс студиска посета од 20-21 ноември 2023 во Белград, Србија. 

Трошоци за учество

Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот. Самиот учесник (индивидуално) е должен да си обезбеди патничко осигурување.

Критериуми за аплицирање

- Лицето да е сертифициран кариерен советник 
- Лицето да има искуство над 5 години со кариерно советување
- Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки;

Начин на аплицирање

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 15.09.2003 год, на е-маил адресата anаbela.dimoska@na.org.mk

кратка биографија – Европас
Сертификат за лиценциран кариерен советник
Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, адреса на живеење

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) кариерни советници, за учество на Еврогајденс студиска посета 
од 20-21 ноември 2023 во Белград, Србија и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

       






Поврзете се

    czxczcx