fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „Зелени практики за зголемување на одржливоста на животната средина” Еразмус+ приоритет – зелена агенда

05.1.2024 17:14:10

20.03.2024 – 22.03.2024

Рига, Летонија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Летонија, објавува јавен повик за учество на 3 учесници на активноста за обука и соработка „Зелени практики за зголемување на одржливоста на животната средина” која ќе се реализира Рига, Летонија.

Цели на настанот:

Главната цел на овој настан е да се продлабочат знаењата за еден од Еразмус+ приоритетите – Животна средина и борба против климатските промени, успешни практики на зелена транзиција во склоп на Еразмус+ проектите за периодот 2021-2027 за поддршка на одржливиот раст и еколошки одговорното однесување.

Преку вмрежување, размена на идеи и споделување на искуства учесниците ќе стекнат нови знаења во врска со одржливоста и животната средина. Говорниците за различни зелени практики и одржливост ќе ги споделат своите приказни и искуства. Учесниците ќе стекнат знаења за разбирање, евалуација и комуникациски вештини за енергија, транспорт, отпад и биоекономија.

Очекувани резултати:

Да се продлабочи знаењето за приоритетот животна средина и борба против климатските промени во склоп на програмата Еразмус+ 2021-2027, во рамките на политиките на ЕУ, механизмите за поддршка, упатствата, меѓународните и националните контексти, корисните ресурси и практики за спроведување на зелената транзиција во Еразмус+.

Учесниците на овој настан:

- ќе се запознаат со Еразмус+ прогрмата;

- ќе се запознаат со Еразмус+ приоритетот „Животна средина и борба против климатските промени“ во контекст на подготовка и имплементација на Еразмус+ проекти во различни сектори;

- ќе се запознаат со различните механизми и практики за поддршка за имплементација на зелената димензија во рамките на Еразмус+;

- ќе отстварат нови контакти и партнерства;

- ќе разменат идеи и ќе разговараат за понатамошна соработка.

Целна група на учесници::

- Претставници од сите сектори за образование и обука: училишно образование (SCH), стручно образование и обука (VET), образование за возрасни (ADU) и високо

образование (HED) - сегашни корисници, како и новодојдени во Еразмус+ и потенцијални апликанти;

- Претставници од организациите за поддршка на „Зелен Еразмус+“.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 20.03.2024 - 22.03.2024

(20.03.2024 е ден на пристигнување, 22.03.2024 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

● Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.

● Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 12.01.2024 година.

Аплицирање: https://salto-et.net/events/application/LV01_0581_THO_2023

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на тна активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 3 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx