Врз основа на Решение 20-633/2 од 03.06.2024 , Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „Добросостојба во училиштата (Well-being at School) “,кој ќе се одвива од 09 до 11 септември 2024 во Тбилиси, Грузија.
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за
избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „Добросостојба во училиштата (Well-being at School) “, кој ќе се одвива од 09 до 11 септември 2024 во Тбилиси, Грузија.
Трошоци за учество
Националната Агенција ќе ги покрие трошоците за патување и котизацијата за настанот.
Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.
Критериуми за аплицирање
Лицето треба да има искуство со еТвининг платформата (минимум една ознака за квалитет).
Лицето треба да е вработено во основно или средно училиште.
Лицето треба да има познавање на англиски јазик.
При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија, како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.
Начин на аплицирање
Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 11.06.2004 г, на електронската адреса: mila.protuger@na.org.mk
Кратка биографија
Свои податоци: име и презиме, телефонски број, емаил, име на училиште, адреса на живеење
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на
3 (тројца ) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „ Добросостојба во училиштата (Well-being at School), кој ќе се одвива од 09-11 септември 2024 во Тбилиси, Грузијаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.