20.05.2025 – 22.05.2025,
Франкфурт (на Мајна), Германија
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Германија, објавува јавен повик за учество на 4 учесници на активноста за обука и соработка „Еразмус+ дигитализација: зошто се потребни зелени, инклузивни и партиципативни придонеси”која ќе се реализира во Франкфурт (на Мајна), Германија.
Тема и цели на настанот: Дигитализацијата игра исклучително важна улога во интернационализацијата во високообразовниот сектор. Во својот акционен план за дигитално образование, Европската комисија објави стратешки документ за тоа како универзитетите можат да го искористат потенцијалот на дигитализацијата за нивните стратегии за интернационализација. Во исто време, со дигиталната трансформација како хоризонтален приоритет во програмата Еразмус+, беше подвлечена важноста на дигитализацијата за европската образовна област.
Новите комбинирани формати за мобилност ги надополнуваат постојните можности за размена за студенти и високообразовен кадар, а истовремено служат и за стратешко усогласување на партнерствата.
Во меѓувреме, Иницијативата за европска студентска картичка (ESCI), особено Еразмус без хартија (EWP), се занимава со дигитализацијата на администрацијата во и помеѓу високообразовните институции.
Несомнено е дека дигитализацијата отвора нови можности. Најголемите предизвици се овие дигитални можности да се направат инклузивни, позелени и во согласност со учеството во демократскиот живот како хоризонтални приоритети на програмата Еразмус+.
Оваа Активност за обука и соработка има за цел да ги собере советниците за политики на институциите за високо образование, но и од меѓународни канцеларии (ACA, Digital Education Hub, SALTO Digital, SALTO Green, SALTO учество и информации, SALTO вклучување и различност во образованието и обуката) и националните агенции (Дигитални службеници, дигитални контакт точки, советници за политики) со цел да се фокусира повеќе на ова тематско поле.
Присутните ќе имаат можност да учат од различни перспективи низ Европа и да добијат увид во развојот на стратегиите за дигитализација на европските високообразовни институции.
Настанот има за цел да обезбеди платформа за размена на искуства на оваа тема и да развие нови стратегии, вмрежување и усогласување на партнери.
Очекувани резултати: Преку размена на добри практики и споделување искуства, учесниците ќе го зајакнат знаењето за клучните практики и процеси во процесите на дигитализација во високообразовните институции.
Присутните ќе имаат можност да се вклучат во работилници и панел дискусии, да добијат увид од експерти и да се поврзат со колегите.
Целна група на учесници:
Претставници од секторот за високо образование (ВО) - сегашни крајни корисници, како и нови корисници на програмата Еразмус+; советници за политика; дигитални службеници; дигитални контактни точки во високото образование.
Оваа Активност за обука и соработка е насочена за апликанти како:советници за политики на високото образование (институции) од земјите на програмата Еразмус+, потоа апликанти од (Neth-ER, Digital Education Hub, SALTO Digital) и националните агенции (Digital Officers, Digital Contact Points, советниците за политиките ) со цел повеќе да се фокусира кон ова тематско поле.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Активноста ќе се реализира во периодот од 20.05.2025 - 22.05.2025
(20.05.2025 е ден на пристигнување, 22.05.2025 е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)
Аплицирање:
Крајниот рок за поднесување на апликации е 13.02.2025 година.
https://salto-et.net/events/show/DE01_0710_THO_2024
Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 учесници на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.