Врз основа на Решение бр. 04-426/2 од 29.05.2025 година и согласно Програмата за волонтирање во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност бр. 04-411/1 од 21.05.2025 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на 8 (осум) волонтери
во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува отворен јавен повик за ангажирање на 8 (осум) волонтери кои ќе извршуваат волонтерски услуги и тоа како:
ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ И ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
Овој Јавен повик е отворен за студенти кои се во крајна фаза на студирање или за лица кои дипломирале но не повеќе од две години по дипломирањето.
Волонтерот за давањето на услугите, знаењата и вештините за работите од надлежност на Националната агенција има право на надоместок на трошоци за храна и трошоците за превоз до и од местото на волонтирањето во висина до 15% од просечната месечна плата (бруто) во Републиката исплатена за претходната година, а трошоците за службени патувања и трошоците за обука (доколку за тоа има потреба), се исплатуваат во иста висина како за вработените во Националната агенција. За волонтерот се плаќа и придонес за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда, од 4% од основицата за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Волонтерите во Националната агенција се ангажираат за период од 6 (шест) месеци.
Правата и одговорностите на волонтерите кои произлегуваат од вршењето на волонтерски услуги во Националната агенција ќе бидат регулирани со договор за волонтерство согласно прописите за волонтерство.
Програмата за волонтирање во Националната агенција е наменета за лица кои треба да се стекнат со практични вештини пред прво вработување.
Волонтерите кои ќе аплицираат на јавниот повик потребно е да ја достават следната документација:
- Кратка биографија (Curriculum Vitae) – европски образец со податоци за контакт (телефонски број, е-пошта и адреса на живеење);
- Писмо за мотивација – ДА СЕ НАГЛАСИ ЗА КОЈА ПОЗИЦИЈА СЕ ПРИЈАВУВА;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Уверение/диплома за завршен степен на образование или потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Пријавата со потребната документација треба да се достави преку електронска пошта: aneta.zdravkovska@na.org.mk со предмет „Волонтирање во Националната агенција“.
НАПОМЕНА:
Повикот е отворен се до пополнување на потребниот број на волонтери.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 8 (осум) волонтери и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.