Врз основа на Решение бр. 20-155/2 од 26.02.2026, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 1 (еден) еТвининг амбасадор за акциjaта еТвининг
Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг за 2026-2027 година, Националната агенција објавува Јавен повик за избор на 1 (еден) eTвининг амбасадор за акцијата еТвининг за ангажман со времетраење од две години.
За промоција на еТвининг иницијативите а по насока на еТвининг Националната организација за поддршка, како и промоција на Националната агенција потребно е да се избере еТвининг амбасадор кој треба да е искусен корисник на еТвининг порталот, да владее со ИКТ алатки и да има искуство во држење на онлајн обуки.
еТвининг амбасадорот во координација со еТвининг координаторот на еТвининг Национална организација за поддршка при Националната агенција ги има следните обрски:
еТвининг амбасадорот има обврска да учествува во работни групи и состаноци како дел од Националниот сервис за поддршка во земјава и надвор и е должен да поднесува извештаи до еТвининг координаторот на Националниот сервис за поддршка при Националната агенција.
2) Начин на оддржување на онлајн настаните
Амбасадорот, во текот на договорниот период, е должен да организира по две онлајн работилници месечно (со исклучок на месеците јули и август), наменети за градинки, основни и средни училишта во Република Северна Македонија.
Онлајн работилниците ќе се реализираат во две форми:
Настаните ќе се оддржуваатна македонски јазик, воeTwinning Live, Zoom, Microsoft Teams, или друга платформа во договор со еТвининг координаторот. По секој оддржан настан, потребно е амбасадорот да достави листа на присуство, снимка и фотографија од настанот до еТвининг координаторот и истите да ги чува и за себе како доказ.
Во текот на планираните активности важно и неопходно е амбасадорите да соработуваат со еТвининг координаторот и да добијат согласност за своите активности.
3) Финансиски надоместок:
Националната агенција ќе им исплаќа финансиски надоместок на еТвининг амбасадорот чија исплата ќе биде регулирана со Договор за еТвининг амбасадор.
Исплатата на средствата ќе се врши на квартално ниво, по доставување финален извештај за реализираните активности од страна на амбасадорот.
4) Критериуми за пријавување:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
5) Начин и рок на аплицирање
Аплицирањето се врши по електронски пат, со доставување на потребната документација на адресата за електронска пошта mila.protuger@na.org.mk, со предмет:„ апликација за еТвининг амбасадор“ најдоцна до 06.03.2026 година до 16:00 часот.
Кандидатите треба да достават на наведената електронска адреса:
Дополнителната релевантна документација ќе биде проверена од страна на Комисијата за разгледување и евалуација на пристигнатите апликации за еТвининг амбасадор директно во eTвининг платформата.
Избраниот амбасадор ќе биде ангажирани за период од две години, за што ќе потпише договор со Националната агенција.
Општи мерки за спречување на корупција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката избор на 1 (еден) eTвининг амбасадор, за еТвининг акцијата со мандат две години и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.