fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на „Регионална работилница за професионален развој на напредни еТвинери“

15.11.2023 12:33:53

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик за учество на 2 (два) учесника на „Регионална работилница за професионален развој на напредни еТвинери“, кој ќе се одвива во период од 5ти до 7ми декември 2023 во Сараево, БиХ.

Профил на учесници/Целна групи:

Овој настан е отворен за наставници од основно,средно образование и градинки.

Бараме учесници кои имаа имаат интерес кон темата на овој семинари се посветени за подобрување на наставните практики, но сакаат и да ги споделат своите искуства со своите колеги од регионот.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

Националната агенција се обврзува да ги покрие трошоците за настанот и тоа за сместување и пат. Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  • Лицето да е регистрирано во платформата и да има добиено еТвининг ознака за квалитет
  • Лицето да е напреден етвинер
  • Лицето да е вработен во основно, средно училиште или градинка
  • Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки

*Во изборот на учесниците влиајние ќе има: учество на претходни еТвининг семинари,застапеност по региони во Република Северна Македонија, постигната работа во еТвининг



НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 20.11.2003 год, на е-маил адресата aneta.zdravkovska@na.org.mk

  • еТвининг портфолио или кратка биографија
  • Свои податоцииме и презиме, телефонски број, е-маил, име на училиште, адреса на живеење




Општи мерки за спречување на корупцијата:

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (два) учесника на „Регионалната работилница за професионален развој, наменет за напредни еТвинери“, при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може дапријавите на следната е-поштаukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx