fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 2 (двајца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „еТвининг и Еразмус+ проекти“ наменет за средни училишта, кој ќе се реализира од 28-30 април 2024 во Салзбург, Република Австрија

04.3.2024 10:21:39

Врз основа на Решение бр.20-305/2 од 01.03.2024 година, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

 за учество на интернационален семинар под наслов „еТвининг и Еразмус+ проекти“ наменет за средни училишта, кој ќе се реализира од 28-30 април 2024 во Салзбург, Република Австрија

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) објавува јавен повик за учество наинтернационален семинар под наслов „еТвининг и Еразмус+ проекти“ наменет за средни училишта, кој ќе се реализира од 28-30 април 2024 година во Салзбург, Република Австрија.

Цели и очекувани резултати од настанот:

1. Зголемување на капацитетите на учесниците, како механизам за креирање на долгорочна вредност и најзначајна инвестиција во едукацијата на учениците.

2. Практична примена и синергија помеѓу еТвининг и Еразмус+ проекти.

3. Примена на добри практики поврзани со проекти кои поттикнуваат активности во еТвининг платформата.

4. Можности за вмрежување на учесниците за долгорочна заедничка соработка. 

Критериуми за аплицирање се:

  • Лицето да е регистрирано во платформата и да има добиено еТвининг ознака за квалитет;
  • Лицето да е вработено во средно стручно училиште;
    • Лицето треба да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки.

*Во изборот на учесниците предност ќе имаат: учесници на претходни еТвининг семинари, застапеност по региони во Република Северна Македонија и постигната работа во еТвининг.

Трошоци за учество

Националната агенција се обврзува да ги покрие трошоците за настанот (пат, котизација за настанот и сместување во хотел).

Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.

Начин на аплицирање

За пријава, кандидатите е потребно да достават на електронската адреса:

aneta.zdravkovska@na.org,mk

  • Кратка биографија (CV)
  • Лични податоци: име и презиме, адреса на живеење, телефон за контакт, електронска адреса и име на училиште во кое е вработено

 со рок на аплицирање најдоцна до 06 март 2024 година, до 16:00 часот.

Општи мерки за спречување на корупција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2(двајца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „еТвининг и Еразмус+ проекти“ наменет за средни училишта, кој ќе се реализираод 28-30 април 2024 година во Салзбург, Република Австрија, ќе ги превземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx