Почитувани корисници,
Како дел од Комуникацијата за постигнување на европската образовна област до 2025 година, воведена е Европската награда за иновативна настава (EITA) за да ги прикаже извонредните иновативни практики за настава и учење, имплементирани во рамки на програмата Еразмус +, како и да ја препознае работата на наставниците и училиштата кои даваат извонредни придонеси во нивната професија. Наградата придонесува кон истакнување на вредностите на европската соработка во областа на училишното образование и кон воспоставување на Европската образовна област. Иницијативата на Европската комисија во областа на училишното образование - Европска награда за иновативна настава (ЕИТА) која започна во 2021 година продолжува понатаму со својата имплементација.
Специфичните цели на Европската награда за иновативно учење се:
Европската награда за иновативно учење се доделува на успешно завршени проекти во рамките на Програмата Еразмус+, кои ќе бидат избрани на годишно ниво од страна на Националните агенции во временската рамка на програмата 2021-2027.
Секоја Национална агенција во рамките на програмата Еразмус+ на еден проект ќе му додели Европска награда за иновативно учење во следните четири категории:
Секоја година, Европската комисија дефинира тематски приоритет кој проектите мора да го исполнуваат за да бидат земени предвид за избор на ЕИТА. Тематскиот приоритет на ЕИТА Наградата за 2024 година е со наслов : ‘Добросостојба во училиштата‘ Темата за оваа година рефлектира важни аспекти на образованието во контекст на градењето на системски пристап за благосостојба и ментално здравје во училиштата.
Со цел да се гарантира висок квалитет, транспарентност и доследност во доделувањето на Европската награда за иновативно учење, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе ги следи насоките и критериумите за избор дадени од страна на Европската комисија.
ЕИТА наградата има симболична вредност и нема да биде изразена во парични средства.