fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов „Добросостојба во училиштата (Well-being at School) “, кој ќе се одвива од 09 до 11 септември 2024 во Тбилиси, Грузија

05.6.2024 14:39:41

Врз основа на Решение 20-633/2 од 03.06.2024, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува: 

 

 

 

                                                                ЈАВЕН ПОВИК 

 

избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под насловДобросостојба во училиштата (Well-being at School) “,кој ќе се одвива од 09 до 11 септември 2024 во Тбилиси, Грузија. 

 

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност поднесува барање за објава на повик за

избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на интернационален семинар под насловДобросостојба во училиштата (Well-being at School) “, кој ќе се одвива од 09 до 11 септември 2024 во Тбилиси, Грузија. 

Трошоци за учество 

  • Националната Агенција ќе ги покрие трошоците за патување и котизацијата за настанот. 

  • Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период. 

Критериуми за аплицирање 

  • Лицето треба да има искуство со еТвининг платформата (минимум една ознака за квалитет). 

  • Лицето треба да е вработено во основно или средно училиште. 

  • Лицето треба да има познавање на англиски јазик. 

При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија, како и постигнатата работа во рамките на еТвининг. 

Начин на аплицирање 

Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 11.06.2004 г, на електронската адреса: mila.protuger@na.org.mk  

  • Кратка биографија 

  • Свои податоци: име и презиме, телефонски број, емаил, име на училиште, адреса на живеење 

Општи мерки за спречување на корупцијата 

 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 

3 (тројца ) еТвинери, за учество на интернационален семинар под наслов Добросостојба во училиштата (Well-being at School), кој ќе се одвива од 09-11 септември 2024 во Тбилиси, Грузијаи при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни меркисо цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk. 







Поврзете се

    czxczcx