fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен конкурс 06-2026 за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

22.10.2026 09:01:41

Врз основа на Решение бр. 04-637/4 од 21.10.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (во натамошниот текст: Национална агенција) објавува

Јавен конкурс 06-2026

за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен конкурс за ангажирање на 1 (еден) надворешен соработник и тоа:

1. Еден (1) надворешен соработник во Сектор за координација и реализација на европски програми и мрежи

Кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

- Вишо или средно образование;

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија,

- активно да го користи македонскиот јазик,

- да е полнолетен,

- да има општа здравствена способност за работното место

Кандидати кои ќе аплицираат на јавниот конкурс потребно е да ја достават следната документација:

- Кратка биографија (Curriculum Vitae) – европски образец;

- Писмо за мотивација;

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

- Лекарска потврда за општа здравствена состојба;

- Уверение/диплома за завршен степен на образование;

- Доказ за работно искуство;

- Доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски);

- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Временска рамка за извршување на работни активности:

- Со избраните кандидати ќе се склучи договор за ангажирање на надворешен соработник со времетраење од 1 (една) година.

Јавниот конкурс трае 3 (три) работни дена од денот на неговото објавување.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Ненавремените и некомплетни пријави, нема да бидат предмет на разгледување. По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Националната агенција.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Националната агенција или по пошта на следнава адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 17, поштенски фах 796, 1000 Скопје

(со назнака – „Јавен конкурс бр. 06/2026” )

Контакт: 02-3109-045

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 1 (еден) надворешен соработник во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx