fb_img
Përmasat e fontit
Kontrasti

МОДЕЛИ ЗА РАМКИ НА КОМПЕТЕНЦИИ


1. EntreComp - Рамка за претприемнички компетенции Рамката за претприемнички компетенции на Европската комисија, позната како EntreComp претставува алатка за подобрување на претприемничките капацитети на граѓаните и организациите. Рамката има за цел да изгради консензус околу заедничко разбирање на претприемничките компетенции преку дефинирање на 3 области на компетенции и листа од 15 компетенции, резултати од учење и нивоа на вештини, на кои сегашните и идните иницијативи можат да се повикуваат.

1. EntreComp framework
2. Entrecomp_playbook
3. Workshop_format
4. Entrepreneurial canvas

2. DigComp – Рамка за дигитални компетенции (вклучително примери на вештини и ставови) Овој инструмент има за цел да овозможи ефективно формулирање на соодветни иницијативи, како и стратешко планирање на образовни и обуки програми со цел унапредување на дигиталната компетентност кај специфични целни групи, додека истовремено ја зајакнува општата дигитална писменост на граѓаните. Во рамките на DigComp, дигиталната компетентност се однесува на „самоуверена, критичка и одговорна употреба и интеракција со дигиталните технологии во контекст на учење, професионален ангажман и активно учество во општествениот живот“. Таа се дефинира како синергија на знаење, вештини и ставови, кои се неопходни за ефективна и етичка дигитална интеграција.

1. DigComp 2.2
2. Learning to swim in the digital ocean
3. Digital competence of Educators
4. Test your digital skills!

3. LifEComp LifeComp претставува концептуална рамка, нејзината примена служи како основа за развој на наставни програми и образовни активности. Таа опфаќа девет компетенции распоредени во три клучни области: Лична, Социјална и Учење да се учи. Европската комисија го разви LifeComp into Action со цел да им помогне на едукаторите да ја премостат разликата меѓу теоретските концепти и секојдневната педагошка пракса. Оваа рамка понудува сет на принципи, насоки и стратегии базирани на истражувања и насочени кон учесникот во процесот на учење, кои овозможуваат развој на компетенциите дефинирани во LifeComp. LifeComp into Action не само што има за цел да ги инспирира во креирањето на наставни практики кои поттикнуваат социо-емоционални и метакогнитивни вештини, туку и да послужи како основа за развој на индивидуализирани стратегии и методи за унапредување на овие компетенции.

1. LifeComp into action
2. Lifecomp_technical

4. GreenComp: - рамка за компетенции на одржливост GreenComp е референтна рамка за компетенции за одржливост. Таа им помага на учениците и наставниците да разберат што значи одржливоста како вештина. GreenComp има четири главни области: Живеење според вредности за одржливост, Разбирање на сложеноста на одржливоста, Замислување на одржлива иднина и Преземање акции за одржливост. Секоја од овие области содржи три вештини кои се поврзани и подеднакво важни. GreenComp е создаден како водич, а не како строго правило, за учење поврзано со одржливост. Оваа рамка помага затоа што сè повеќе луѓе треба да ги подобрат своите знаења, вештини и однесување, за да живеат, работат и делуваат на одржлив начин. GreenComp поддржува образовни и тренинг програми.

1. GreenComp - sustainability competence framework
2.The GreenComp Game

СТРАТЕГИИ ЗА ПОДДРШКА НА ЕРАЗМУС+ ПРИОРИТЕТИ


1.Erasmus+ and European Solidarity Corps programmes Digital Strategy
2.Erasmus+ and European Solidarity Corps green transition and sustainable development strategy
3. Erasmus+ and European Solidarity Corps Inclusion and Diversity Strategy

Возрасни ученици со помали можности и ниска квалификација како дел од новата програма на Еразмус +


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) ги поддржува апликантите за проекти и корисниците на програмата Еразмус + , во вклучување на лица со помалку можности во проекти и ќе им олесни на истите да учествуваат во активностите на програмата со цел да се придонесе кон создавање на поинклузивно општество.

Вклучувањето, еднаквите можности и разновидноста, се принципи што Европската комисија ги вгради во своите програми за образование, обука и млади, а НАЕОПМ ги промовира истите овие принципи во својата работа за да обезбеди еднакви можности.

Главната цел е да се зголеми бројот на учесници со помалку можности во проектите на овие програми на ЕУ.

Проектите за мобилност на ученици и кадар во образование на возрасни, како дел од активностите на Еразмус + програмата, ги поддржува организациите и провајдерите активни во полето на образование на возрасни кои сакаат да организираат образовни мобилни активности за возрасни ученици и кадар.

• Институциите и организациите за образование на возрасните се правни или физички лица кои имаат регистрирано дејност за образование на возрасните со соодветна верифицирана програма.

• Лицата кои немаат завршено најмалку средно образование во Република Северна Македонија се сметаат за возрасни ученици со ниска квалификација, подобни за учество во програмата.

Еразмус+ е отворена за студенти, млади, ученици во стручно образование и обука, образовни работници, волонтери, лица кои работат со млади и лица кои работат во аматерските спортови. Програмата нив ќе ги вклучи преку образовни установи, организации за млади, претпријатија, локални и регионални тела и невладини организации, институции, тела или групи кои работат во областа на образование, обука и млади.

Програмата Еразмус + претпоставува институционален пристап во аплицирањето, зошто на тој начин ефектите од стекнатото искуство и знаење од проектот се пренесуваат на поширок круг луѓе. Апликации на физички лица не се прифатливи.

Сите апликанти мора да бидат регистрирани во системот за регистрација и порталот за корисници на Европската Комисија. Упатство за регистрација за во системот за регистрација и порталот за корисници на потенцијалните апликанти за програмата ЕРАЗМУС+

Со цел вклучување во Еразмус+, високо-образовните институции треба да поседуваат валидна Универзитетска повелба. Листа на високо-образовни институции од Република Македонија носители на ERASMUS CHARTER.

Со цел вклучување во Еразмус+, градинките, основните и средните училишта треба да бидат регистрирани во МОН како вршители на соодветната дејност.

• Надлежни институции (авторитети) за училиштата во Република Македонија се: Министерството за Образование и Наука, како и следните општини

Листа на основни училишта што имаат право да аплицираат за Еразмус+ грант – училишно образование;

Листа на јавни и приватни средни училишта што имаат право да аплицираат за Еразмус+ грант – училишно образование;

• Листа на детски градинки што имаат право да аплицираат за Еразмус+ грант – училишно образование.

• Листа на локални и национални власти/институции што имаат право да аплицираат како координатори на конзорциуми во КА1 Училишно образование и како партнери и координатори на проекти во КА2 стратешки партнерства за регионална соработка.








Kontaktoni

    czxczcx