13-16 јуни.2023 Поатје, Франција
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Франција, објавува јавен повик за учество на 2 учесници на семинарот „Квалитетно образование и благостојба во училиштето, кон грижливо училиште“ студиска посета за секторот училишно образование“ Оваа студиска посета ќе се фокусира на благосостојбата во училиштето како услов за успех на учениците и наставниците.
Студиската посета ќе се однесува на здравјето во училиштето, училишната клима, борбата против дискриминацијата, дисциплината во училницата (врската со академскиот успех), училишните простории и местото на детето/ученикот во училиштето и во училницата (развој на психосоцијални вештини, интеркултуралност , автономија). Очекувани резултати од семинарот се да се споделат искуства, практики и образовни политики со други специјалисти од цела Европа на темата. Ќе има средби за проекти, експерти и активно учество на работилници со цел збогатување на практиките. Ќе се дискутира за можностите за Еразмус + и како да се оди чекор напред, на европско ниво.
Целна група:
- основно и средно училиште: инспектори, училишни раководители, локални власти или владин персонал одговорен за овие теми. Учесниците треба да бидат подготвени да ги споделат своите искуства и да презентираат алатка или практика што се чини релевантна во нивната земја во однос на квалитетно образование и благосостојбата во училиштето.
Забелешка: При пополнување на апликациската форма да се внимава на конкретно пополнување на прашањата согласно тематиката на настанот.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ: Семинарот ќе се реализира во периодот од 13.06.2023 до 16.06.2023 (13 јуни е ден на пристигнување, 16 јуни е ден на заминување)
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
• Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
• Патните трошоци се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, потенцијален ПЦР тест)
Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Поатје, Франција во периодот од 13.06.2023 до 16.06.2023 година. Крајниот рок за поднесување на апликации е 24.04.2023 година. Форма за аплицирање: https://salto-et.net/events/show/FR01_0422_THO_2023 Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесника на семинарот „Квалитетно образование и благостојба во училиштето, кон грижливо училиште“ студиска посета за секторот училишно образование“ и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.