fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка „Тематски семинар за мобилност на практиканти во Европа: градење соработка помеѓу европските тренери за практиканти со цел да се поттикне учеството на практикантите во европските шеми за мобилност“– Клучна акција 1 во високо образование / стручно образование

23.5.2023 15:17:20

Јавен повик за учество на  активност за обука и соработка

 „Тематски семинар за мобилност на практиканти во Европа: градење соработка помеѓу европските тренери за практиканти со цел да се поттикне учеството на практикантите во европските шеми за мобилност“Клучна акција 1 во високо образование / стручно образование

12.11.2023 - 15.11.2023

Бордо, Франција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Франција - Agence Erasmus+ France / Education Formation, објавува јавен повик за учество на 2 учесника на активноста за обука и соработка  „Тематски семинар за мобилност на практиканти во Европа: градење соработка помеѓу европските тренери за практиканти со цел да се поттикне учеството на практикантите во европските шеми за мобилност“.

Подтеми: мобилност на практиканти, работни места во странство

Француски партнери: Коорганизатор на семинарот е EuroAppMobility (https://www.euroappmobility.eu/en)

 

Цели на семинарот:

-          Да се овозможи подобро познавање на системите за практиканти во Европа;

-          Да се обединат и/или развијат партнерства помеѓу европските организации за обука на практиканти;

-          Да се поврзат раководителите на мрежите за практиканти за проектите за мобилност и партнерства Еразмус+;

-          Да се помогне во пронаоѓањето работни места за учење во странство.

 

 

Очекувани резултати од семинарот:

Поттикнување на мобилноста кај практикантите низ Европа.

 

Целна група:

Веќе постоечките корисници и раководни лица, кои сакаат да ги зајкнат своите понуди за мобилност во делот на високо образование и стручно образование

Семинарот е отворен и за тренери и координатори за мобилност во високо и стручно образование

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 12.11.2023 - 15.11.2023

 (12.11.2023 е ден на пристигнување, 15.11.2023 е ден на заминување)

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Бордо,Франција во периодот 12.11.2023 - 15.11.2023. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 31.05.2023 година.


 

Форма за аплицирање:https://salto-et.net/events/show/FR01_0468_THO_2023

 

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на тна активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.


 

Општи мерки за спречување на корупцијата


Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.


 







Поврзете се

    czxczcx