Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик за учество на 2 (два) учесника на „Регионална работилница за професионален развој на напредни еТвинери“, кој ќе се одвива во период од 5ти до 7ми декември 2023 во Сараево, БиХ.
Профил на учесници/Целна групи:
Овој настан е отворен за наставници од основно,средно образование и градинки.
Бараме учесници кои имаа имаат интерес кон темата на овој семинари се посветени за подобрување на наставните практики, но сакаат и да ги споделат своите искуства со своите колеги од регионот.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Националната агенција се обврзува да ги покрие трошоците за настанот и тоа за сместување и пат. Самиот учесник (индивидуално) е должен да го обезбеди транспортот до аеродром и назад и да си обезбеди патничко осигурување.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
*Во изборот на учесниците влиајние ќе има: учество на претходни еТвининг семинари,застапеност по региони во Република Северна Македонија, постигната работа во еТвининг
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 20.11.2003 год, на е-маил адресата aneta.zdravkovska@na.org.mk
Општи мерки за спречување на корупцијата:
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (два) учесника на „Регионалната работилница за професионален развој, наменет за напредни еТвинери“, при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може дапријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.