fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК за избор на 5 (пет) најдобри еТвининг проекти за 2022-2023 година

17.11.2023 10:18:28

Врз основа на Решение  бр.20-1186/2 од 17.11.2023 донесенo од Директорот, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:


ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 5 (пет) најдобри еТвининг проекти за 2022-2023 година


Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Национална агенција) го поднесувам ова Барање за објава на повик за избор на 5 (пет) најдобри еТвининг проекти за 2022-2023 година. 

Националните еТвининг награди се доделуваат за извонредни иновативни методи на учење и подучување преку еТвининг платформата. Ова признание се доделува за да се потенцира напорот на наставниците, кои даваат исклучителен придонес во професијата. Наградата игра важна улога во истакнување на вредноста на европската соработка во образованието и создавањето на Европска образовна област.

За училишната 2022-2023 година, овие признанија ќе бидат доделени на најуспешните еТвининг проекти. Иако самата награда има симболичен карактер во форма на плакети или статуетки, проектите ќе бидат активно промовирани на европско и национално ниво, служејќи како инспирација и пример за добри практики во образованието. 

Ќе бидат доделени 5 (пет) награди за најдобри еТвининг проекти за училишната 2022-2023 година, во следните категории:

Категории кои ќе се наградуваат:

Најдобар проект на еТвининг годишна тема (иновација и едукација)
Најдобар проект од средно училиште
Најдобар проект од основно училиште
Најдобар проект од предучилишна возраст
Најдобар проект на тема екологија

Технички критериумите кои би се зеле во предвид при избор на проектот се:

Проектот да има добиено национална ознака за квалитет (NQL)
Соработка меѓу партнерски училишта
Користење на ИКТ алатки
Педагошки пристап
Интеграција на наставна програма

*Важно е да се има во предвид дека кандидатите имаат право да пријават само еден проект и проектот да е завршен или да е во завршна фаза.


Начин на оценување:

Оценувањето ќе се врши од страна на Комисија согласно горе наведените критериуми на следниот начин:

- Критериуми за оценување Максимум поени
- Проектот да има добиено национална ознака за квалитет (NQL) 5
- Соработка меѓу партнерски училишта 5
- Користење на ИКТ алатки 5
- Педагошки пристап 5
- Интеграција на наставна програма 5

Вкупно 25

Начин на аплицирање?
Кандидатите е потребно да го пополнат формуларот за пријава на нивниот проект на следниот линк: 
https://forms.gle/uqxTNgpnT4ocZ2GP7

Краен рок на аплицирање е 23.11.2023 година, 16.00 часот

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 5 (пет) најдобри еТвининг проекти за 2022-2023 година и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 
Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.


 






Поврзете се

    czxczcx