fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Јавен повик за учество на активност за обука и соработка Европска конференција „Охрабрувајќи ги учениците во дигиталната ера”

08.2.2024 07:53:37

06.05.2024 – 08.05.2024

Минхен, Германија

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Германија, објавува јавен повик за учество на 4 учесника на активноста за обука и соработка Европска конференција „Охрабрувајќи ги учениците во дигиталната ера” која ќе се реализира во Минхен, Германија

Цели на настанот:

Конференцијата ќе стави акцент на Еразмус+ приоритетите: „дигитална трансформација“ и „учество во демократскиот живот“,  и ќе се фокусира на дигиталното образование во училишниот сектор, како и перспективата на учениците во оваа дигитална ера. Исто така ќе се осврне на темата на добросостојбата на учениците.

Ќе се дискутираат следниве прашања:

-          Како до дигитално образование во училниците? Какви можности нудат дигиталните опции за настава/учење кај персонализирано учење и учењето насочено кон учениците? Како изгледаат опциите за учење во современите часови и како се менува улогата на наставникот?

-          Како успешно да ги вклучиме сите ученици и како правилно да ги насочиме во светот на медиумите и да го зајакнеме демократското учество?

-          Како учениците да станат посвесни за опасноста од медиумите како што се лажни вести, радикално политичко влијание и интернет насилство?

-          Како училиштата, наставниците и училишните проекти може да ја промовираат добросостојбата на учениците во дигиталната трансформација од физички, емоционален, социјален и когнитивен поглед?

-          Како може да успеат соработката и комбинираното учење - во училницата и во Еразмус+ проектите? Ќе се обрне посебно внимание на комбинираните мобилности и употребата на е-Твининг во училниците и во проектната работа.

-           

Очекувани резултати:

На конференцијата ќе бидат претставени научни ставови и иновативни Еразмус+ проекти, со цел учесниците да го продлабочат своето знаење на гореспоменатите теми.

Конференцијата ќе ги истакне начините на кои училиштата и наставниците ќе стекнат придобивки од Еразмус+ проектите, вклучувајќи ги е-Твининг и Европската училишна платформа за образование.

Со меѓусебна соработка и со помош на експерти од областа, учесниците ќе разговараат и ќе развиваат концепти за училишни проекти и развој на училиштата.

Конференцијата ќе овозможи можности за вмрежување на училиштата и институциите од училишниот сектор, со цел да се најдат партнери и да иницираат нови Еразмус+ проекти (проекти за мобилност, проекти за соработка, е-Твининг проекти).

Целна група:

-          Претставници од училиштата (од предучилишно до средно образование) кои се заинтересирани да започнат Еразмус+ проекти (Клучни акции 1 и 2 и еТвининг) на темите на конференцијата.

-          Претставници од институции за обука на наставници кои имаат искуство на темите на конференцијата.

-          Претставници на Еразмус+ проектите (Клучна акција 1 и 2 и еТвининг) кои спровеле или имплементираат проекти на темите на конференцијата кои се подготвени да го споделат своето знаење.

-          Директори на училишта и претставници од Министерство за образование.

-          Претставници од Еразмус+ Академиите за наставници и Жан Моне Активностите кои работат на темите на конференцијата.

-          Претставници од НА

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 06.05.2024 - 08.05.2024

 (06.05.2024 е ден на пристигнување, 08.05.2024 е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување и сл.)

Крајниот рок за поднесување на апликации е 15.02.2024 година.

Аплицирањеhttps://salto-et.net/events/show/DE03_0539_THO_2024

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домаќинот – организатор на  активноста за обука и соработка ќе бидат само избраните учесници.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4 учесника на Активноста за обука и соработка и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx