ФОРУМ ЗА ИНКЛУЗИЈА И РАЗЛИЧНОСТ 2024 ГОДИНА
КОНФЕРЕНЦИЈА – СИМПОЗИУМ – ФОРУМ(2 лица)
11-14 јуни 2024 година | Остенде, Белгија
Настан за сите оние кои се активни на полето на инклузија и различност. На форумот ќе учествуваат 130 учесници кои ќе разменат искуства и практики и ќе предложат идеи, со цел да ги направат младинските програми на ЕУ поинклузивни и достапни за сите.
Форумот за инклузиуја и различност е меѓународна конференција организирана од SALTO Inclusion & Diversity фокусирана на создавање поголема видливост за инклузија и различност и градење мостови помеѓу практики поврзани со инклузија, политика и истражување во рамките на младинските програми на ЕУ.
Овие процеси се еден вид лекции, инспирација и препораки да ги направиме моменталните и идните генерации на оваа програма поинклузивни. Затоа, улогата на младинската политика, лобирањето и застапувањето за инклузија и различност ќе биде централна тема на овој настан.
Цели на настанот:
- Да се создаде поголема видливост кај инклузија и различност и да се изградат мостови помеѓу засегнатите страни во полето во склоп на младинските програми на ЕУ ( Еразмус+: Млади во акција и Европски солидарен корпус)
- Да се научат и да се разменуваат практики за застапување и лобирање за инклузија и различност
- Да се осврне на достигнувањата во инклузија и различност во тековните младински програми на ЕУ и да се предвидат идните предизвици и можности
- Да се создаде можност за дијалог и взаемна поддршка помеѓу службениците за инклузија и различност од Еразмус+ Националните агенции, корисниците и останатите засегнати страни.
Ќе биде обезбеден простор да ги споделите вашите професионални и лични искуства за инклузија и различност, без разлика со кои теми сте најзапознаени.
Ќе користиме методи на неформално образование и ќе се поврземе со локални иницијативи и организации во Остенде.
Во пресрет на настанот ќе ги поканиме учесниците да споделат добри практики и информации за специфични делови од програмата.
За кого е овој настан?
На форумот ќе присуствуваат 130 луѓе, почнувајќи од практиканти кои работат директно со млади луѓе со помалку можности (младински работници, младински лидери, тренери, социјални работници), како и креатори на политики, истражувачи, офицери за инклузија и различност од Националните агенции, и претставници од организации за младинска работа, Европска комисија и Белгиското претседателство со ЕУ.
Со задоволство Ве покануваме, доколку имате искуство, експертиза или силна желба да научите и да придонесете за главната тема: „Застапување за подобра и значајна инклузија “ во рамките на Еразмус+ младинските програми на ЕУ и Европскиот солидарен корпус. Идеално би било да припаѓате на една од следниве групи:
- Младински работници, младински лидери или социјални работници: работење со млади луѓе со помалку можности, редовно во некоја организација или неформална група (платени или волонтерски позиции)
- Активисти, креатори на промени и мултипликатори кои се поврзани со младинската работа, особено работа на теми за инклузија и различност и рушење на бариерите
- Креатори на политики вклучени во младинска политика/застапување или теми поврзани со I&D
- Истражувачи од областа на прашањата за вклучување и/или застапување
Особено ги покануваме да се пријават они кои имаат преживеано искуство со инклузија или надминување на бариерите. На пример, доколку сте се соочиле со социјални, економски или географски, сте самохран родител од малцинско потекло, младо лице кое живее во изолирана, рурална област, или транс лице кое поминува низ транзиција без соодветна емотивна поддршка.
Настанот и местото е достапно за лицата со посебни потреби.
ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:
Настанот ќе се реализира во периодот од 11-14 јуни 2024 година во Остенде, Белгија
Принципот на покривање на трошоци е следниот:
Патните трошоци и сместувањето се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);
Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, итн...)
Крајниот рок за поднесување на апликации е 22.03.2024 година (13.00ч).
За аплицирање потребно е да ја пополните целосно апликацијата на следниов линк и да ја поднесете онлине. Домаќинот на настанот преку електронска порака ќе ги извести сите апликанти за нивниот статус по завршување на рокот за аплицирање.
АПЛИКАЦИЈА: https://survey.typeform.com/to/bByVDJYp
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 учесници на обуката и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.