fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

Повик за предлог-проекти 2026 – EAC/A15/2025 Европски солидарен корпус

19.12.2025 14:15:12

Врз основа на Решение за објавување на Јавен повик бр. 21- 938/2 од 19.12.2025дина, Националната агенција објавува Повик за предлог-проекти за 2026 година на Европската Комисија за програмата Европски солидарен корпус:   

Службен весник на Европската Унија:  C/ 2025/6214 од 14.11.2025

Повик за предлог-проекти2026 – EAC/A15/2025

Европски солидарен корпус

(C/ 2025/6214)

  1. Вовед и цели

Овој повик за предлог-проектисе заснова на Регулативата (ЕУ) 2021/888на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година со која се воспоставува Програмата за европскиот солидарен корпус, како и на Годишната програма за работа на Европскиот солидарен корпус за 2026 година (C(2025)7014).Програмата на Европскиот солидарен корпус го опфаќа периодот од 2021 до 2027 година. Општите и специфичните цели на Програмата на Европскиот солидарен корпус се наведени во член 3 од Регулативата.

2. Акции

Овој повик за предлог-проекти ги опфаќа следниве акциина програмата на Европскиот солидарен корпус:

    Волонтерски проекти

    Волонтерски тимови во области со висок приоритет

    Солидарни проекти

    Ознака за квалитет за солидарни волонтерски активности

    Ознака за квалитет за волонтерство во хуманитарна помош

    Волонтирање во рамките на Европскиот корпус за доброволна хуманитарна помош.

 
  1. Подобност

Секој јавен или приватен субјект без разлика дали е непрофитен или профитен, локален, регионален, национален или меѓународен може да аплицира за финансирање во рамките на Европскиот солидарен корпус. Дополнително, групи лади луѓе регистрирани на порталот на Европскиот солидарен корпус можат да аплицираат за финансирање за солидарни проекти.

Следниве држави(1) можат целосно да учествуваат во сите акции на Европскиот солидарен корпус:

 27-те држави-членки на Европската унија и прекуокеанските државии територии,
 трети држвиповрзани со Програмата:
земјите на ЕФТА / ЕЕА: ИсландиЛихтенштајн,
 Земјитекандидати за членство во ЕУ(2): Република Турција, Република Северна Македонија.

Дополнително,  одредени активности се отворени за субјекти правно основани во трети земји кои не се асоцирани со Програмата, кога тоа е во интерес на Унијата во смисла на член 14 став (2) од Регулативата (ЕУ) 2021/888 за Европскиот солидарен корпус.

Во Водичот за Европскиот солидарен корпус за 2026 годинасе содржани ситедополнителни информации во врска со можностите заучество,

4. Буџет и времетраење на проектите

Вкупниот буџет наменет за овој повик за поднесување предлози се проценува на 129 595 000 евра.

Вкупниот буџет наменет за повикот за поднесување предлози, како и неговата распределба, се наведени во Годишната работна програма за 2026 година за спроведување на Програмата „Европски солидарен корпус“, усвоена на 23 ноември 2025 година, и може да бидат изменети. Потенцијалните апликанти се покануваат редовно да ги консултираат Годишните работни програми на Програмата „Европски солидарен корпус“ и нивните измени, објавени на:

https://europa.eu/youth/solidarity/organisations/reference-documents-resources

Доделените грантови и времетраењето на проектите се прецизирани во Водичот за Европскиот солидарен корпус, објавен на:

https://europa.eu/youth/solidarity/organisations/reference-documents-resources

5. Краен рок за поднесување на апликациите

Роковите за поднесување на апликациите наведени подолу завршуваат во 12.00 часот (пладне), според бриселско време.

Волонтерски проекти 18февруари 2026 година
(изборен рок)                   1октомври2026 година
Солидарни проекти 18февруари2026 година
(изборен рок)
7мај 2026 година
1октомври2026 година

Роковите за поднесување на апликациите наведени подолу завршуваат во 12.00 часот, според бриселско време.   

Волонтерски тимови во области со висок приоритет 3 Март2026 година
Волонтирање во рамките на Европскиот корпус за доброволна хуманитарна помош 23 април 2026 година
 
Ознака за квалитет за доброволна хуманитарна помош
22 септември 2026 (*4)

Апликациите за Ознаки за квалитет за волонтерство во активности на солидарност можат да се поднесуваат континуирано.

За детални упатства за поднесување апликации, Ве молиме консултирајте се со Водичот за Европскиот солидарен корпус за 2026 година.

6. Целосни информации

Деталните услови на овој повик за поднесување предлози, вклучително и приоритетите, се достапни во Водичот за Европскиот солидарен корпус за 2026 година на следната интернет-адреса:

https://europa.eu/youth/solidarity/organisations/calls-for-proposals

Водичот за Европскиот солидарен корпус за 2026 година претставува интегрален дел од овој повик за поднесување предлози и условите за учество и финансирање изразени во него се целосно применливи на овој повик.







Поврзете се

    czxczcx