fb_img
Големина на фонт
Контраст

Повици

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА БАЗАТА НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ И/ИЛИ ПЕРИОДИЧНИ ИЛИ КОНЕЧНИ ИЗВЕШТАИ ОД ОДОБРЕНИ ПРОЕКТИ, КАКО И АПЛИКАЦИИ ЗА АКРЕДИТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС (2021-2027) И ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС (2021 - 2027)

27.1.2026 07:59:48

Врз основа на Решение број 18-65/2 од 23.01.2026 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА БАЗАТА НА НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ И/ИЛИ ПЕРИОДИЧНИ ИЛИ КОНЕЧНИ ИЗВЕШТАИ ОД ОДОБРЕНИ ПРОЕКТИ, КАКО И АПЛИКАЦИИ ЗА АКРЕДИТАЦИИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС (2021-2027) И ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС (2021 - 2027)

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) е јавна установа формирана со закон и има надлежност за оперативно спроведување на децентрализираните акции од Еразмус+ програмата и Европски соилидарен корпус во Република Северна Македонија.

Еразмус+ е европска програма во областа на образованието, обуката, младите и спортот за периодот 2021-2027 година. Образованието, обуката, младите и спортот се клучните области што ги поддржуваат граѓаните во нивниот личен и професионален развој. Инклузивно образование и обука со висок квалитет, како и информално и неформално учење, ги опремува младите со квалификации и вештини потребни за нивното многу значајно учество во демократското општество, интеркултурното разбирање и успешната транзиција кон пазарот на трудот.

Повеќе информации за Еразмус+ програмата и Националната агенција можете да прочитате на следниот линк: www.na.org.mk

Со цел квалитетно и транспарентно работење и евалуација, НАЕОПМ објавува јавен повик за дополнување на базата на надворешни експерти за оценување на предлог-проекти и/или периодични или конечни извештаи од одобрени проекти, како и апликации за акредитации во рамките на програмата Еразмус Плус (2021-2027) и Европски солидарен корпус (2021 - 2027) и тоа за:

  • Клучна акција 1: Мобилност за учење на поединци;
  • Клучна акција 2: Партнерства за соработка и партнерства од мал обем

Надворешните експерти можат да се пријават за наведените полиња во согласност со нивните квалификации и области на дејствување и тоа:

  • Предучилишно, основно и средно образование;
  • Стручно образование и обука;
  • Високо образование;
  • Образование на возрасни;
  • Mлади и спорт;
  • Волонтерски активности.

Услови за избор на надворешни експерти:

  • Високо образование;
  • Најмалку 5 години искуство во спроведување на ЕУ проекти или на други меѓународни организации и/или учество во спроведување на најмалку 3 ЕУ проекти или на други меѓународни организации;
  • Познавање на европските и националните политики и стратегии во областа на образованието, обуката, младите и спортот; 
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Способност за работа со ИКТ алатки;
  • Способност за придржување на рокови при работата.

Улогата на надворешните експерти е многу значајна за да се овозможи правилна, непристрастна, конзистентна и точна оценка на оценување на предлог-проекти и/или периодични и конечни извештаи согласно со целите на акцијата и приоритетите на политиките за образование, обуки, млади и спорт.

Надворешните експерти треба:

  • да умеат да оценуваат предлог-проекти и конечни извештаи согласно целите и приоритетите од Еразмус+ програмата;
  • детално да ги познаваат правилата и процедурите поврзани со акциите во Еразмус+ програмата објавени на веб-страницата на НАЕОПМ;
  • да бидат отворени за иновативни идеи кои би дале додадена вредност на предлог-проектите;
  • да имаат аналитички вештини;
  • да знаат да пишуваат извештаи за потребите на Еразмус+ програмата;
  • да ги почитуваат зададените рокови.

Начин на избор и ангажман на надворешните експерти

Пријавата и потребни документи за аплицирање:

  • Пријава за аплицирање. Пријавите мора да бидат потпишани и скенирани;  Симни Пријава за аплицирање
  • Биографија во Europass формат на англиски јазик. Пожелно е да се достават и препораки, иако истите не се задолжителни;
  • Писмо за мотивација
  • Копија од уверение/диплома за завршено високо образование
  • Доказ за работно искуство на проекти
  • Доказ за активно познавање на англиски јазик

Пријавите задолжително се доставуваат електронски на следната адреса eksperti2026erasmus@na.org.mk со Предмет: Повик за експерти 2026 година, најдоцна до 10 февруари 2026 година.

Апликантите ќе добијат соодветна потврда за прием на нивната пријава по електронска пошта.

Пристигнатите пријави за надворешни експерти ќе поминат низ проверка на условите од јавниот повик врз основа на поднесените документи. Селекцијата на пристигнатите пријави ќе се извршува во следните фази:

  • Техничка проверка.
  • Квалитативна проценка
  • Консултација со национален авторитет

Избраните експерти задолжително мора да ги поминат обуките за експерти организирани од страна на НАЕОПМ за која ќе бидат навремено известени, а воедно ќе ги добијат Водичите за надворешни експерти и други потребни документи за нивната работа.

НАЕОПМ ќе склучи поединечен рамковен договор со секој избран експерт за програмскиот период 2023 - 2027. Во рамковниот договор ќе бидат дефинирани задачите и обврските, роковите за нивна реализација, како и финансиската поддршка во зависност од обемот на нивната работа.

Надоместок за работата

Износот на надоместокот изнесува:

  1. За Клучна акција 1 - 70 евра
  2. За Клучна акција 2 - 110 евра
  3. За периодични/конечни извештаи - 110 евра

НАЕОПМ во согласност со реалните потреби, бројот на пристигнати пријави и достапноста на надворешните експерти ќе ангажира одреден број на експерти во текот на имплементацијата на програмата Еразмус+. НАЕОПМ го задржува правото да ги контактира надворешните експерти од базата и во текот на наредните години во времетраењето на програмата Еразмус+. Експертите подлежат на редовно оценување на квалитетот на нивната работа. Исплатата ќе се реализира откако ќе се констатира квалитетно извршен ангажман.

Апликантите ќе бидат навремено информирани за резултатите од процесот на селекција. Одбиените апликанти имаат право на жалба во рок од 8 дена по приемот на известувањето од НАЕОПМ.

Напомена: Овој повик е од отворен карактер и ќе се ажурира секоја година или по потреба низ тековната година согласно обемот на работа и бројот на апликации

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во јавниот повик за дополнување на базата на надворешни експерти за оценување на предлог-проекти и/или периодични или конечни извештаи од одобрени проекти, како и апликации за акредитации во рамките на програмата Еразмус Плус(2021-2027) и Европски солидарен корпус, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.







Поврзете се

    czxczcx