Врз основа на Решение 25-897/2, ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка (ЕПАЛЕ НСП) на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за ЕПАЛЕ Амбасадори
ЕПАЛЕ е европска, повеќејазична заедница со отворено членство за професионалци во областа на образованието за возрасни, вклучувајќи наставници и обучувачи за возрасни лица, персонал за водство и поддршка, истражувачи и академски работници, како и креатори на политики.
ЕПАЛЕ Амбасадори
Зошто да бидам ЕПАЛЕ Амбасадор?
- Ќе ја промовирате вашата организација во рамките на секторот за образование на возрасни низ цела Европа преку активности кои се релевантни за вашите вештини, искуство и знаење,
- Можете да ги споделите вашите идеи за нови иницијативи и политики,
- Можете да ја зголемите својата мрежа на други Амбасадори и ЕПАЛЕ корисници,
- Ќе бидете дел од најголемата, мултилингвална, електронска заедниза за учење на возрасните.
ЕПАЛЕ Амбасадорот:
- Ја промовира ЕПАЛЕ и идентификува потенцијални корисници на Платформата,
- Помага во мапирање на главните социјални партнери поврзани со образованието за возрасни како и образовните можности за возрасни во локалната средина,
- Одржува информативни и промотивни средби со преставници на институции од образованието за возрасни на локално ниво,
- Идентификува и/или креира содржини (блогови, статии, настани, ресурси) погодни за објавување на Платформата ,
- Овозможува техничка поддршка во процесот на регистрација на нови корисници,
- Учестува во подготовка и унапредување на промотивни/информативни материјали за ЕПАЛЕ,
- Активно учествува во различни дискусиони групи како на ЕПАЛЕ, така и на социјалните медиуми.
ЕПАЛЕ Амбасадори можат да бидат лица преставници на организации/институции кои активно се занимаваат со образование на возрасни од горенаведените региони на Република Северна Македонија. Покрај тоа, тие треба да:
- Се активни на социјалните медиуми,
- Ги разбираат главните документи и трендови во политиките поврзани со образованието на возрасните на национално и европско ниво,
- Се дел од повеќе (меѓународни) мрежи,
- Се вклучени или биле вклучени во европски/меѓународни проекти,
- Го познаваат англискиот јазик и имаат напредни ИКТ вештини.
За својата работа, избраните ЕПАЛЕ Амбасадори имаат право на симболичен надомест. Истиот ги покрива сите трошоци на Амбасадорот за организирање настани, транспорт, локален превоз, комуникации итн.
Пред започнување на ангажманот, избраните ЕПАЛЕ Амбасадори ќе поминат детална обука за начинот на работа. ЕПАЛЕ Амбасадорите имаат право на поддршка од ЕПАЛЕ НСП во текот на целокупното времетраење на ангажманот.
ЕПАЛЕ Амбасадорите ќе бидат ангажирани за во периодот август 2021- февруари 2022 година.
Начин на пријавување
Пополнета апликација заедно со ваше ЦВ во ЕВРОПАСС формат поднесете на epale@na.org.mk, со назнака: за Повик за Амбасадори, најдоцна до 15.07.2021 година. Задолжително назначете: „За Јавен Повик за ЕПАЛЕ Амбасадори“.